спорт

Ракомет: Македонската репрезентација одигра нерешено против Турција

Во рамките на турнирот кој се одржува во спортската сала на Турската ракометна федерација во Анкара, женската ракометна репрезентација на Македонија одигра нерешено 30:30 против Б тимот на турската женска ракометна репрезентација

Ömer Hakan Kibar  | 23.09.2017 - Обновена : 24.09.2017
Ракомет: Македонската репрезентација одигра нерешено против Турција

Ankara

АНКАРА (АА) - Женската ракометна репрезентација на Македонија одигра нерешено против Б тимот на Турција во подготовките за квалификации за ЕП во Франција 2018 година, јавува Anadolu Agency (AA).

Во турскиот главен град, Анкара, се одржува Меѓународниот ракометен турнир во рамките на подготовките за квалификации за ЕП во Франција 2018 година.

Во рамките на турнирот кој се одржува во спортската сала на Турската ракометна федерација во Анкара, женската ракометна репрезентација на Македонија одигра нерешено 30:30 против Б тимот на турската женска ракометна репрезентација. Во првото полувреме Македонската репрезентација водеше со резултат од 15:14.

Од друга страна, А тимот на турската женска ракометна репрезентација играше против Италија. Домаќинот Турција го победи натпреварот со резултат 25:22.

Турнирот утре ќе продолжи со натпреварите меѓу Македонија-Турција (Б), и Турција (А) - Италија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın