спорт

Роналдо: Фудбалер со најголема заработка во светот во 2017 година

Магазинот Форбс ја објави листата на фудбалери со најголема заработка во 2017 година, во кој се вклучени платата, приходите од спонзорства, и бонуси, на која Роналдо го зазема првото место на оваа листа со заработка од 93 милиони долари

Yunus Kaymaz  | 27.05.2017 - Обновена : 28.05.2017
Роналдо: Фудбалер со најголема заработка во светот во 2017 година

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - Португалскиот репрезентативец и ѕвездата на шпанскиот фубдалски клуб Кристијано Роналдо е фудбалер со најголема заработка во светот во оваа година, јавува Anadolu Agecy (AA).

Магазинот Форбс ја објави листата на фудбалери со најголема заработка во 2017 година, во кој се вклучени платата, приходите од спонзорства, и бонуси, на која Роналдо го зазема првото место на оваа листа за 2017 година со заработка од 93 милиони долари.

Стрелецот на Реал Мадрид го следи аргентинецот Лионел Меси, кој игра за клубот Барселона, со заработка од 80 милиони долари. На третото место на оваа листа се наоѓа соиграчот на Меси, бразилецот Нејмар, кој оваа година заработил 37 милиони долари.

Од друга страна францускиот репрезентативец Паул Погба, кој од италијанскит клуб, Јувентус направи трансфер во Манчестер Јунајтед за рекордни 116 милиони долари, е на десеттото место на листата со 21.2 милиони долари.

Првите 10 фудбалери кои најмногу заработиле во оваа година се следните:

Фудбалер
Клуб
Приход (долари)
1 Кристиано Роналдо
Реал Мадрид
93 милиони
2Лионел Меси
Барселона80 милиони
3НејмарБарселона 37 милиони
4Гарет Бејл
Реал Мадрид 34 милиони
5 Златан Ибрахимовиќ
Манчестер Јунајтед
32 милиони
6 Вејн Руни
Манчестер Јунајтед 23,6 милиони
7 Луис Суарез
Барселона 23,3 милиони
8 Серхио Агуеро
Манчестер Сити
22,6 милиони
9 Хамес Родригес
Реал Мадрид 21,9 милиони
10 Паул Погба
Манчестер Јунајтед 21,2 милиони
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.