спорт

Се венчаа Серена Вилијамс и Алексис Оханиан

- На венчавката којашто се одржа во еден центар во Њу Орлеанс, присуствуваа околу 200 гости. Меѓу присутните имаше и многу познати личности како Бијонсе, Ким Кардашијан, Ева Лонгорија, Каролина Возњацки, Кели Роуленд, Кијара и Ла Ла Антони

Gamze Türkoğlu Oğuz  | 17.11.2017 - Обновена : 18.11.2017
Се венчаа Серена Вилијамс и Алексис Оханиан

Fort Loderdejl

ФОРТ ЛОДЕРДЕЈЛ (АА) - Американската тенисерка Серена Вилијамс по двегодишна врска се омажи за коосновачот на Редит, Алексис Оханиан, јавува Anadolu Agency (AA).

На венчавката којашто се одржа во еден центар во Њу Орлеанс, присуствуваа околу 200 гости. Меѓу присутните имаше и многу познати личности како Бијонсе, Ким Кардашијан, Ева Лонгорија, Каролина Возњацки, Кели Роуленд, Кијара и Ла Ла Антони.

Локалните медиуми наведуваат дека венчавката чинела најмалку милион долари, а на повиканите гости не им било дозволено да носат мобилни телефони.

Серена и Алексис се верија во декември минатата година, по 15-месечна врска. Вилијамс пред два месеца ја роди ќерката Алексис Олимпија.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.