спорт

ФИФА: Меси казнет со четири натпревари забрана за играње

Телевизиските снимки покажаа дека Меси, по една судска одлука реагира луто мавта со рацете и извикува пцости према помошниот судија на натпреварот

Dejan Maksimoviç  | 28.03.2017 - Обновена : 29.03.2017
ФИФА: Меси казнет со четири натпревари забрана за играње

Cirih

ЦИРИХ (АА) - Светската фудбалска федерација (ФИФА), го казни Лионел Меси репрезентативецот на Аргентина со забрана за игра на четири натпревари поради вербална навреда на службените лица за време на квалификациите за Светското првенство во Русија во 2018 година против Чиле, јавува Anadolu Agency (AA).

ФИФА реагираше откако инцидентот на почетокот не беше пријавен од бразилскиот судија. Натпреварот помеѓу Аргентина и Чиле заврши со резултат од 1:0, а мрежата на голот ја затресе токму Меси во 16 минута од пенал за вредна победа на својата селекција.

Сепак, телевизиските снимки покажаа дека Меси, по една судска одлука реагира луто мавта со рацете и извикува пцости према помошниот судија на натпреварот. Меси не запре, дури и по завршувањето на средбата продолжи да ги навредува и двајцата помошни судии.

Аргентина по 13 одиграни круга на јужноамериканските квалификации за Светското првенство во 2018 го зазеде третото место со 22 поени, седум помалку од лидерот Бразил, а само два повеќе од шестопласираниот Чиле.

До крајот остануваат уште пет круга,а Аргентина има исклучително тешка работа, бидејќи на СП директно одат четирите првопласирани репрезенатции, додека петата оди во бараж.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın