Турција

Ердоган: Уставните промени ќе ја направат Турција подобра и посилна

„Ние мораме да го смениме системот за да дојдеме до заклучок за нашата борба против тероризмот, за успехот на нашата борба во регионот и за да ги постигнеме целите за 2023 година”

Hatice Kesgin  | 19.02.2017 - Обновена : 20.02.2017
Ердоган: Уставните промени ќе ја направат Турција подобра и посилна

Gaziantep

ГАЗИАНТЕП (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека претстојниот референдум за уставни изменни, кој ќе се одржи на 16. април, ќе биде преродба за Турција, јавува Anadolu Agency (AA).

Зборувајќи на церемонијата за отворање на инфраструктурни проекти во југоисточната турска област Газиантеп, Ердоган истакна дека новите промени ќе ја направат турската демократија подобра и посилна.

„16. април ќе значи повторно раѓање. Се надевам дека ова ќе биде ново воскреснување и ќе биде знак за препород. Ќе добиеме исход кој ќе биде срамен за оние што немаат доверба во вас и за оние кои не веруваат во вас”, вели тој.

Уставните реформи официјално беа тема на дискусија откако Ердоган беше избран за претседател, во август 2014 година.

Овие предлози вклучуваат предавање на широка извршна власт на претседателот и укинување на функцијата премиер. На претседателот, исто така, ќе му биде дозволено да ги задржи врските со политичка партија.

Ердоган повторно се осврна на опозициските партии поради критикувањето на престојните уставни промени.

„Неупатените луѓе, кои се противат на претседателскиот систем, секогаш имаат нешто да кажат, и секогаш велат дека тоа е погрешно, што за жал претставува лага”, рече тој.

Двете опозициски партии (Републиканската народна партија-ЏХП и Народната демократска парија-ХДП) се противат на уставните промени додека владејачката Партија за правда и развој (АК партија) ги поддржува измените заедно со Партијата на национално движење (МХП).

Во врска со критиките од страна на опозициските партии, Ердоган изјави: „Тие бесрамно велат дека турскиот парламент ќе биде потиснат”. Сепак, тој повтори дека турскиот Парламент всушност ќе стане посилен со новиот систем, кој го нарече и претседателски и претседателско-владин систем.

„Никој нема право да ги блокира промените и обновувањето”, вели тој.

Осврнувајќи се на неодамнешните терористички напади во Турција, тој рече: „На Турција ѝ е потребна силно раководење додека минува низ кревката ера”.

„Ние мораме да го смениме системот за да дојдеме до заклучок за нашата борба против тероризмот, (мора да смениме нов систем) за успехот на нашата борба во регионот и за да ги постигнеме целите за 2023 година”.

Ердоган во петокот ја започна кампањата за уставните промени откако беше објавен официјалниот датум за референдум од страна на Врховниот изборен одбор. Кампањата започна во јужен Кахраманмараш, една од областите која му даде поддршка со најмногу гласови на претседателските избори во 2014 година.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.