Турција

Иванов се состана со турскиот претседател Ердоган во Анкара

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, го пречека неговиот македонски колега, Ѓорѓе Иванов, кој престојува во посета во Турција. По свечениот дочек пред Претседателскиот комплекс церемонијата продолжи со интонирање на химните на двете земји

Enes Kaplan  | 20.02.2018 - Обновена : 20.02.2018
Иванов се состана со турскиот претседател Ердоган во Анкара

Ankara

АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, го пречека неговиот македонски колега, Ѓорѓе Иванов, кој престојува во посета во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).

По свечениот дочек пред Претседателскиот комплекс церемонијата продолжи со интонирање на химните на двете земји.

Македонскиот претседател Иванов ја поздрави почесната гарда.

По претставувањето на делегациите на двете земји, Ердоган и Иванов се фотографираа пред знамињата на Турција и Македонија.

Ердоган и Иванов преминаа на тет-а-тет и меѓуделегациска средба, а потоа ќе одржат заедничка прес-конференција.

Турскиот претседател ќе организира вечера во чест на својот гостин.

На пречекот беа присутни и турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, министерот за млади и спорт на Турција, Осман Ашки Бак, генералниот секретар на турското Претседателство, Фахри Касирга, гувернерот на Анкара, Ерџан Топбаш, како и портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın