Турција

Нападите на режимот во Сирија, средства за клевета на операцијата „Маслинова гранка“

Кога поддржувачите на организацијата не можеа да пронајдат фотографии на деца ранети во операцијата „Маслинова гранка“ во Африн, одлучија да ги употребат фотографиите на децата настрадани во нападите на режимот на Асад

Fatma Esma Arslan  | 20.02.2018 - Обновена : 21.02.2018
Нападите на режимот во Сирија, средства за клевета на операцијата „Маслинова гранка“

Ankara

АНКАРА (АА) - Поддржувачите на терористичката организација ПЈД/ПКК продолжуваат да ги користат нападите со хемиско оружје во Сирија, но и другите страдања на цивилите за на социјалните мрежи да ја клеветат операцијата „Маслинова гранка“ во Африн која Вооружените сили на Турција (ТСК) ја спроведуваат од 20 јануари. Мултимедијалните содржини настанати во последните неколку години поврзани со воздушните напади, нападите со хлор и оружените напади, продолжуваат да бидат упоребувани со цел клеветење на операцијата и Турските вооружени сили.

Кога поддржувачите на организацијата не можеа да пронајдат фотографии на деца ранети во операцијата „Маслинова гранка“ во Африн, одлучија да ги употребат фотографиите на децата настрадани во нападите на припадниците на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад. Користените фотографии ни временски, ни просторно немаат поврзаност со операцијата, јавува Anadolu Agency (AA).

Меѓу новите лаги се наоѓаат и низа фотографии со опис дека децата се цел на нападите на ТСК во Африн. На голем број од нив се наоѓаат деца настрадани во нападите на режимските сили во Алепо, Источна Гута и Хомс.

Двете сириски деца кои гледаат низ разрушен ѕид на куќа во Хомс и нивниот страв во очите потсетија на илјадниците деца кои беа цел на режимските напади во Сириија.

Фотографијата со тело на настрадано дете под урнатините во Алепо, која поддржувачите на терористичката организација се обидоа да ја пласираат како нова лага, потсети на повеќе од 21.000 деца кои страдаа во режимските напади од 2011 година.

За ширењето клевети за операцијата „Маслинова гранка“ користена е дури и фотографија на тела на деца настрадани во нападите со хемиско оружје извршени во 2013 година.

Сириската мрежа за човекови права (SNHR) кон крајот на минатата година соопшти дека најголемата цена од војната која во Сирија трае од март 2011 година ја плаќаат децата, и дека во нападите на режимот на Асад и неговите поддржувачи од почетокот на судирите настрадале најмалку 21.631 дете.

Во нападите на терористичката организација ПЈД/ПКК загинаа над 127 деца.

Кажано е дека во војната која трае речиси седум години урнати се 1.378 училишта и градинки, при што 3,2 милиони деца се без можност за школување. Во истиот извештај укажано е и на големиот број малолетни лица кои се користат во судирите.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.