Турција

Професор и истражувач Атила Јајла: ФЕТО е затворена група предводена од гуру

„Следбениците на гуруата забораваат да размислуваат со своја глава и се принудени да постапуваат според наредби и упатства. Така се однесуваат бидејќи се уверени оти ги води лидер кој знае сѐ", рече професорот Јајла

Mücahit Türetken  | 28.03.2017 - Обновена : 29.03.2017
Професор и истражувач Атила Јајла: ФЕТО е затворена група предводена од гуру

Istanbul

ИСТАНБУЛ (AA) – Професор Атила Јајла од Универзитетот „Медипол“ изјави дека за да се разбере неуспешниот воен удар од 15. јули минатата година во Турција, треба да се сфатат карактеристиките на терористичката организација ФЕТО и на нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој се однесува како класичен гуру, јавува Anadolu Agency (AA).

Истражувајќи ја западната литература за лажните пророци, новите религии, гуруата и харизматичните лидери, Јајла ја напиша книгата „Славниот отпор“, во која од тој аспект говори за начинот на кој турскиот народ се спротивставил на јулскиот обид за пуч, а во интервјуто за АА рече дека е јасно оти терористичката организација ФЕТО е затворена група којашто собира широка маса на луѓе.

„Се прашував како е возможно образовани и угледни луѓе да се стават под апсолутно влијание и контрола на еден човек. Се прашав што е тоа што Фетула Ѓулен и понатаму го држи како предводник на таа група. Разумно би било тие луѓе да го напуштат овој човек и групата којашто нанесе голема штета на целото општество, па и на самите нив. Спроти нас е таа затворена група, предводена од човек кого го нарекуваат лидер, оџа-ефенди, главен имам и слично. Тој е всушност гуру, а тоа е збор што доаѓа од источните јазици и изворно значи гуру, но во практиката е нешто многу повеќе тоа. Членовите на таквите групи слепо му веруваат на тој човек и се сеќаваат само на позитивни работи, а не и на лоши“, вели Јајла.

Тој истакнува дека за гуруата е својствено да веруваат дека се супериорни во однос на сите други луѓе, и дека тие својства се гледаат во однесувањето на Ѓулен, чии поданици веруваат оти тој поседува натприродна моќ, дека ги видел пророците, знае што ќе се случи во иднина и дека можеби е испратен директно од Бог со објава и мисија.

„Следбениците на гуруата забораваат да размислуваат со своја глава и се принудени да постапуваат според наредби и упатства. Така се однесуваат бидејќи се уверени оти ги води лидер кој знае сѐ. Можеби звучи претерано, но во таквите групи гуруто се перципира како самиот Бог или божје олицетворение на земјата. Тоа е случај и во некои заедници во Америка. Лојалноста кон гуруто се случува уште во детството, најсреќниот период во животот на човекот, кога не треба да размислувате, ниту да се грижите за што било. Припандиците на гуру групите на некој начин преживуваат второ детство бидејќи постои некој што се грижи и размислува за нив. Така гуруто доаѓа до поданиците кои се подготвени и животот да го дадат за него“, вели Јајла.

Професорот и истражувач Јајла понатаму истакнува дека е невозможно да се реши проблемот на постоењето на таквите групи, сѐ додека постои нивниот гуру. Тој додава дека се разоткриваат структурите на ФЕТО, но оти нема дека оти нејзините припадници ја губат врската со гуруто.

Јајла понатаму вели дека е погрешно структурата на ФЕТО да се перципира низ призмата на исламот, бидејќи таа група се служи со исламска реторика и ја злоупотребува таа религија. Се работи за група којашто настанала во Турција, а би била користена реториката од другите религии доколку станува збор за група што потекнува од земја во која таа друга религија е доминантна.

„Секој гуру привидно заговара мисија поради другиот свет, но има апетити за власт. Тие ги сакаат моќта и парите. Сето тоа е случај со Ѓулен, кој по недемократски пат сака самостојно да одредува политика и да именува свои луѓе на клучни позиции, како шеф на разузнавачка служба“, заклучи Јајла.

Терористичката организација ФЕТО во 70-тите години од минатиот век започна своите поданици да ги инфилтрира во безбедносните институции на Турција, во 80-тите години значително ги зајакна своите структури во рамките на тие институции, а на 15. јули минатата година изведе неуспешен обид за воен удар, со цел да го сруши уставниот поредок и да ја собори демократски избраната турска власт.

На 2. февурари минатата година, турските власти побараа од САД да го укинат зелениот картон на Фетула Ѓулен, лидерот на ФЕТО. Нему претходно врз основа на давање лажен исказ му е поништен турскиот пасош. По јулскиот обид за воен удар, Турција од САД во повеќе наврати и формално побара привремено апсење и испорачување на Ѓулен.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.