Турција

Ричард Мур: Коалицијата знаеше за договорот за евакуација на ДЕАШ од Рака

Со договорот меѓу терористите на ПКК/ПЈД и ДЕАШ во средината на минатиот месец, неколку стотици вооружени терористи на ДЕАШ се повлекоа од Рака кон Деир ез Зор

Ekipa  | 21.11.2017 - Обновена : 21.11.2017
Ричард Мур: Коалицијата знаеше за договорот за евакуација на ДЕАШ од Рака Raşit Aydoğan/AA

Ankara

АНКАРА (АА) - Ричард Мур, амбасадорот на Велика Британија во Турција, кој е во заминување од функцијата, изјави дека меѓународната коалиција предводена од САД знаела за контроверзниот договор со којшто терористите на ПКК/ПЈД им овозможиле на стотици терористи на ДЕАШ да се повлечат од сирискиот град Рака, јавува Anadolu Agency (AA).

„Коалицијата и претходно знаеше за договорот во Рака, но не можеше да го спречи. Договорот е постигнат меѓу групите на теренот. Не знам дали таа информација е проследена до Турција, но верувам дека не е, бидејќи во тој случај Турција би реагирала навреме“, изјави Мур на состанокот со претставниците на Здружението на новинарите од областа дипломатија.

Со договорот меѓу терористите на ПКК/ПЈД и ДЕАШ во средината на минатиот месец, неколку стотици вооружени терористи на ДЕАШ се повлекоа од Рака кон Деир ез Зор.

Истакнувајќи дека Велика Британија не го поддржала договорот постигнат во Рака, амбасадорот Мур изјави дека меѓу евакуираните терористи имало и странски борци.

САД и коалицијата што ја предводат соработуваат и ја поддржуваат групата ПЈД, која Турција ја смета за сириски огранок на терористичката организација ПКК.

Коментирајќи го и неодамнешниот инцидент на воената вежба на НАТО во Норвешка, кога како непријателски елементи беа прикажани портретите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и основачот на модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк, Мур изјави дека тоа е срамна епизода поради којашто Турција со право ги повлече своите војници од вежбата.

Укажувајќи на извинувањето што челниците на НАТО и Норвешка го упатија до Турција, Мур изјави дека е важно да се разбере дека тоа бил инцидент предизвикан од едно или две лица.

Мур, исто така, ги негираше наводите на некои кругови дека Турција се оддалечува од НАТО, а додаде дека одлуката на Турција да го купи противвоздушниот систем S-400 од Русија е нејзиното суверено право.

Британскиот амбасадор на крајот изјави дека е тажен поради заминувањето од Турција во која, како рече, останало неговото срце.

Односите меѓу Велика Британија и Турција ги оцени како многу добри и додаде дека Турција и во иднина ќе биде многу важен сојузник на официјален Лондон.

Тој потсети дека Велика Британија била меѓу првите држави што го осудија минатогодишниот обид за воен удар, во кој терористите на ФЕТО убија најмалку 250 лица во Турција.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın