Турција

Турскиот премиер упати порака на поддршка на Грција по земјотресот

Во оваа прилика сакам да ја истакнам нашата поддршка на Грција и народот на оваа земја. Соседите ги делат сите свои моменти, и кога е во прашање среќа, но исто и кога имаме болни моменти, порача премиерот Јилдирим

Yasemin Kalyoncuoğlu  | 22.07.2017 - Обновена : 23.07.2017
Турскиот премиер упати порака на поддршка на Грција по земјотресот

Ankara

МУГЛА (AA) - Премиерот на Република Турција Бинали Јилдирим денеска во Мугла потврди дека во вчерашниот земјотрес забележан во Егејско море, на територијата на Турција во потполност се урнати три згради и дека 32 стамбелни објекти се делумно оштетени, јавува Anadolu Agency (AA).

Јилдирим престојуваше денеска во западниот турски град Мугла, еден од градовите во кои значително се почувствува вчерашниот земјотрес во Егејско море.

„Според информациите со кои моментално располагаме, во последиците од земјотресот во Бодрум се урнати три згради, додека 32 стамбени објекти делумно се оштетени. Тоа е комплетната штета која е забележана по земјотресот", рече Јилдирим, и додаде:

„Во оваа прилика сакам да ја истакнам нашата поддршка на Грција и народот на оваа земја. Соседите ги делат сите свои моменти, и кога е во прашање среќа, но исто и кога имаме болни моменти".

Најмалку две лица загинаа на грчкиот остров Кос откако вчера земјотрес со јачина од 6,3 степени по Рихтер го потресе Егејското море. Грчките власти јавија дека загинатите туристи се од Шведска и Турција. Локалните медиуми јавија дека се повредени повеќе од стотици лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın