Балкан

Во Тирана се одржа форумот на агорбизнис Албанија-Турција

Во своето обраќање на форумот, министерот Челик изрази благодарност за гостопримството и изјави дека е среќен што присуствува на овој форум. Челик ги истакна „добрите односи меѓу двете земји, кои имаат стари корени и се развиваат во многу области“

Malik Hasa  | 28.03.2017 - Обновена : 28.03.2017
Во Тирана се одржа форумот на агорбизнис Албанија-Турција

Albania

ТИРАНА (АА) - Во главниот град на Албанија, Тирана, се одржа Форумот за агробизнис Албанија – Турција, на кој присуствуваше турскиот министер за земјоделство, храна и сточарство, Фарук Челик, министерот за земјоделство на Албанија, Едмонд Панарити, високи претставници на двете земји и бизнисмени од Турција и од Албанија, јавува Anadolu Agency (AA).

Во своето обраќање на форумот, министерот Челик изрази благодарност за гостопримството и изјави дека е среќен што присуствува на овој форум. Челик ги истакна „добрите односи меѓу двете земји, кои имаат стари корени и се развиваат во многу области“.

„За време на посетата на претседателот на Албанија, Бујар Нишани, на 21. декември 2016 година во Анкара, нашиот претседател Реџеп Таип Ердоган ме ангажираше да работам за унапредување на соработката меѓу двете земји во областа на земјоделството. Во меѓувреме, нашите стручни тимови се сретнаа вчера и разработија план за акција. И во текот на денешниот ден, со мојот колега ќе разговараме за овие прашања. Нашиот претседател ни даде план за зголемување на трговската размена меѓу двете земји на вредност од 1 милијарда евра“, рече Челик.

Потоа тој зборуваше за сегашната трговска размена, при што рече дека само 11 отсто од трговската размена којашто изнесува 326 милиони долари, се одвива во областа на земјоделството.

Зборувајќи за земјоделството во Турција, Челик рече дека поради неодамнешните реформи и стабилноста во Турција, неговата земја стана најголемата земјоделска сила во Европа. Покрај тоа, тој додаде дека е убеден оти двете земји ќе ја зголемат соработката во оваа област. Челик истакна дека Турција е домаќин на форумот за агробизнис, кој ќе се одржи следниот месец во Анталија, со учество на министрите за земјоделство од 54 африкански земји.

„Турција е стабилна земја. Со нашите производи, ние не храниме само 80 милиони луѓе во Турција. Во исто време се хранат повеќе од 3 милиони бегалци и милиони туристи кои доаѓаат во нашата земја, и за тоа сме среќни. Ова го правиме врз основа на турската култура и традицијата од минатото. Од друга страна, некои европски земји ги затворија своите врати за бегалците, а можеме да видиме дека ги отвориле за терористите. Не можеме да го сфатиме ова“, додаде министерот Челик.

Од друга страна, министерот за земјоделство, рурален развој и водостопанство на Албанија, Едмонд Панарити, нагласи дека денешниот форум ќе даде дополнителен импулс во односите меѓу Албанија и Турција.

„Нашата задача како политичари е да ја искористиме оваа пригодна пријателска клима меѓу двете земји за подобрување на нашите трговски односи“, рече Панарити, додавајќи дека пред нив стојат заеднички предизвици за унапредување на односите, особено во областа на земјоделството.

Панарити, исто така, рече дека интеграцијата во Европската Унија е основната цел на Албанија, но според него, истовремено, и многу добрите односи со соседните земји, особено со Турција, се мошне важни. Тој го опиша форумот како многу важен, бидејќи на него има широко учество.

Панарити на крајот изрази благодарност до Турција за помошта за време на поплавите.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın