Балкан

Претседателот Иванов се состана со турскиот премиер Јилдирим во Анкара

Претседателот Иванов, кој престојува во официјална посета на Република Турција, во Анкара беше прeчекан од страна на турскиот премиер Бинали Јилдирим

Ekip  | 20.02.2018 - Обновена : 21.02.2018
Претседателот Иванов се состана со турскиот премиер Јилдирим во Анкара ( Foto: Hakan Göktepe/AA )

Ankara

АНКАРА (АА) - Турскиот премиер, Бинали Јилдирим, и претседателот на Р. Македонија, Ѓорѓе Иванов, на работниот ручек изразиле задоволство од консолидирање на цврстите врски меѓу двете земји преку меѓусебните средби кои се интензивираа во последиот период, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според информациите добиени од Кабинетот на турскиот премиер, Јилдирим и Иванов се состанале на работен ручек одржан во палатата Чанкаја во Анкара. Се истакнува дека сонародниците кои живеат во Македонија се најзначајниот елемент на братскиот мост помеѓу двете земји.

Јилдирим и Иванов изразиле задоволство од консолидирање на цврстите врски меѓу двете земји преку меѓусебните средби, кои се интензивираа во последниот период.

Претседателот Иванов упати благодарност до Турција за поддршката во напорите на Р. Македонија кон евроатлантските интеграции.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.