Балкан

Хрватска: Грабар-Китаровиќ и Милош Земан без согласност околу Косово во НАТО

Колинда Грабар-Китаровиќ заговара проширување, односно консолидација на ЕУ на просторот на југоистокот на Европа, но и на НАТО за сите оние држави кои тоа го сакаат, што смета и Милош Земан, но смета дека Косово не му припаѓа на НАТО

Stipe Mayiç  | 28.03.2017 - Обновена : 28.03.2017
Хрватска: Грабар-Китаровиќ и Милош Земан без согласност околу Косово во НАТО

Grad Zagreb

ЗАГРЕБ (AA) - Претседателката на Република Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ и претседателот на Чешка Република Милош Земан денеска во Загреб не се усогласија околу поддршката на Косово кон членството во НАТО, јавува Anadolu Agency (AA).

Претседателката на Република Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ се состана во својот кабинет со претседателот на Чешката Република Милош Земан. Освен билатералните прашања, разговараа и за бројни други теми како што се проширување на НАТО и ЕУ во регионот, состојбата на ЕУ и мигрантската криза.

Земан и Грабар Китаровиќ по состанокот информираа дека разговарале и за Брекзит, тероризмот, како и за состојбата во ЕУ.

„Република Чешка дава полна поддршка на интеграцијата на западниот Балкан во европските структури и НАТО", порача чешкиот претседател Земан и додаде дека Чешка го поддржува влегувањето на Хрватска во Шенгенскиот простор.

На прашањето, дали поддршжуваат влегување на земјите од западен Балкан во ЕУ и ширење на НАТО на овие простори, Земан рече:

„Мето лично мислење е дека тоа вреди за земјите за западен Балкан, но тоа не вреди за Косово бидејќи не сум сигурен дали Косово му припаѓа на НАТО."

Претседателката Колинда Грабар-Китаровиќ одговори дека Хрватска заговара проширување, односно консолидација на ЕУ на просторот на југоистокот на Европа, но и на НАТО за сите оние држави кои тоа го сакаат.

„Во овој момент Србија тоа не го сака, но можеби еден ден ќе сака", рече Колинда Грабар-Китаровиќ.

Претседателот Земан порача дека е „еднозначно против ЕУ со повеќе брзини."

„Европа треба да биде единствена, не може да има две ниту повеќе брзини, бидејќи тоа е сосема невозможно, затоа што тоа би значело многу брзини", рече тој.

Земан смета дека во рамките на Вишеградската четворка, со Хвратска би требала да настапи и Австрија и да понуди свое решение за мигрантската криза.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın