економија

„Воспоставување организиран пазар на електрична енергија во Македонија“

Министерот Кучи во своето обраќање истакна дека реформските чекори во енергетиката коишто се преземени досега и сѐ уште се во тек, се во корелација со определбите што се однесуваат на основите на стопанисување во енергетиката на Република Македонија

Senada Ibraimova  | 24.03.2017 - Обновена : 25.03.2017
„Воспоставување организиран пазар на електрична енергија во Македонија“

Skopje

СКОПЈЕ (АА) – Министерот за економија, Дритон Кучи се обрати на денешната работилница на темата „Воспоставување организиран пазар на електрична енергија во Република Македонија“, којашто е организирана од страна на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) и ТЕМА Консалтинг груп, а се одржува во Скопје, јавува Anadolu Agency (AA).

Министерот Кучи во своето обраќање истакна дека реформските чекори во енергетиката коишто се преземени досега и сѐ уште се во тек, се во корелација со определбите што се однесуваат на основите на стопанисување во енергетиката на Република Македонија.

Напоменувајќи ги досегашните постигнати договори, како што се Договорот за основање на енергетска заедница, иницијативата за Вестерн Балкан 6, согласно која Македонија пристапи кон потпишување на меморандумот за разбирање на шесте држави од Западен Балкан за развој на регионалниот пазар на електрична енергија и воспоставување рамка за идна соработка, како и Меморандумот за разбирање на државите од Западен Балкан за спојување на пазарите, Кучи истакна:

„Оттука, би сакал да напоменам дека Министерството за економија ги согледува потребите за одржување на работилницата на оваа важна тема, со цел да се разгледаат можните опции за формирање на берзата во контекст на регионалниот развој. Истовремено, изразуваме подготвеност да се даде поддршка во сите фази на формирањето на организиран пазар на електрична енергија во Република Македонија“.

На оваа работилница свои обраќања на панел-дискусиите ќе имаат професори од УКИМ, како и странски претставници на енергетските заедници.

Работилницата е организирана во рамките на проектот „Техничка помош за воспоставување институционална рамка за национална/регионална берза на електрична енергија“, кој го финансира Министерство за надворешни работи на Кралството Норвешка.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.