економија

НБРМ овозможи прекугранични плаќања во евра

Деловните банки во Македонија што имаат дозвола за работење со платен промет со странство и сметки во евра во МИПС на Народната банка, ќе имаат можност за прекугранични плаќања во евра за своите клиенти

Admir Fazlagic  | 28.03.2017 - Обновена : 28.03.2017
НБРМ овозможи прекугранични плаќања во евра

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Деловните банки во Македонија што имаат дозвола за работење со платен промет со странство и сметки во евра во Македонскиот интербанкарски платен систем (МИПС) на Народната банка, ќе имаат можност за прекугранични плаќања во евра за своите клиенти (правни и физички лица) преку најбрзиот и најбезбедниот платен систем во Европа - ТАРГЕТ2, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според соопштението на Народната банка на Република Македонија (НБРМ), системот за прекугранични плаќања во евра денеска ќе биде претставен пред банкарскиот и бизнис секторот, а наскоро се очекува негова промоција и пред пошироката јавност. Се наведува дека системот за прекугранични плаќања во евра, преку поврзување на МИПС со платниот систем ТАРГЕТ, почна да работи од почетокот на 2017 година.

„За оваа цел се изврши надградба на МИПС за извршување на плаќањата во евра и се воспостави врска со платниот систем ТАРГЕТ 2, преку централната банка на Италија, со што МИПС прерасна во двовалутен платен систем за плаќања во денари и во евра", информира НБРМ.

Како што се наведува во соопштението на НБРМ, со овој проект целосно се оствари препораката за создавање алтернативен канал за плаќања во евра, покрај кореспондентското банкарство, од проектот ИПА „Оценка на потребите на НБРМ“, спроведен од страна на претставници на Европската централна банка и централните банки членки на Евросистемот.

„Крајната цел на овој проект е побрзо и посигурно да се извршуваат прекуграничните плаќања во евра и да се намалат трошоците за нив, од што пошироката економија би имала придобивки, вклучително компаниите и домаќинствата", пишува во соопштението.

Инаку, проектот е втора генерација реформи во областа на платежната инфраструктура, по првата на платниот промет во 2001 година.

„Со неговото остварување се постигна повисоко ниво на платежна интеграција на Република Македонија во платежната инфраструктура на ЕУ и претставува голем чекор напред кон приближување на стандардите на работа на Народната банка до стандардите на работа на централните банки членки на Европската Унија", наведува Централната банка.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın