економија

Одобрен новиот пакет мерки за штедење во Грција

Со договорот, се предвидува дека во перидот 2019-2020 година, грчката Влада со симнување на горната граница на пензиите и со ослободувањето од данок да заштеди 4,9 милијарди евра

Mehmet Hatipoğlu  | 19.05.2017 - Обновена : 20.05.2017
Одобрен новиот пакет мерки за штедење во Грција

Atina

АТИНА (АА) - Во рамките на третата програма за спас, во Грција се одобрени предлог-законите од дополнителниот пакет мерки за штедење, јавува Anadolu Agency (AA).

Синоќа, во доцните вечерни часови, по дводневна жестока расправа во Парламентот беа изгласани предлог-законите, кои беа поддржани од страна на владината коалиција Сириза и Независни Грци.

На синоќешното гласање беа присутни 281 пратеник од 300, колку што брои грчкиот Парламент. „За“ гласаа 153, додека „против“ 128 пратеници.

Додека траат средбите во парламентот, Конфедерацијата на синдикати на вработените во Грција (ГСЕЕ), Федерацијата на вработените во јавниот сектор (АДЕДИ) и Унијата за борба за правата на работниците (ПАМЕ) продолжуваат со протестите против новите реформи.

За време на протестите, една група маскирани ги нападнаа полицајците со молотови коктели, во обид да влезат во парламентот, по што настана судир меѓу полицијата и демонстрантите.

Во рамките на договорот што е постигнат со кредиторите за доделување нова кредитна транша, се предвидува дека во перидот 2019-2020 година, грчката Влада со симнување на горната граница на пензиите и со ослободувањето од данок да заштеди 4,9 милијарди евра.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.