економија

СКМ ја одбележува 95. годишнина од коморското организирање

- Претседателот на СКМ Бранко Азески, изјави дека учеството на познати личности во одбележувањето на 95-годишнината укажува на угледот на Стопанската комора, но додаде дека со уште поголема поддршка од Владата може да се постигнат и повеќе успеси

Besar Ademi  | 17.02.2017 - Обновена : 18.02.2017
СКМ ја одбележува 95. годишнина од коморското организирање

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Стопанската комора на Македонија (СКМ) со церемонија и тркалезна маса на тема „Позицијата на малите држави во меѓународната економија - предности и недостатоци", ја одбележа 95. годишнина од постоењето од коморско организирање и работење во Република Македонија, јавува Anadolu Agency (AA).

На тркалезната маса учествуваа успешни бизнисмени од регионот, истакнати државници, професори и истражувачи, меѓу кои и поранешниот премиер на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, поранешниот претседател на Хрватска, Стјепан Месиќ и Владимир Глигоров од Виенскиот институт за економски прашања.

Поканети на овој јубилеј беа и лидери на деловни форуми и стопански комори од регионот, како и други реномирани претставници од науката и бизнисот од земјата и од надвор.

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, изјави дека учеството на познати личности во одбележувањето на 95-годишнината укажува на угледот на Стопанската комора, но додаде дека со уште поголема поддршка од Владата може да се постигнат и повеќе успеси.

„Владата мора да направи нешто, таа треба да воспостави јавен и приватен дијалог со коморите и економската заедница. На овој начин, наместо да се појават можни проблеми во спроведувањето на законот, да се вклучи деловната заедницата во подготовка на закони и сите проблеми ќе бидат решени", изјави Азески.

Според него, актуелната политичка криза во земјата влијае на економијата, но активностите на деловниот сектор во Македонија покажа дека тие се во можност да се соочат со сите предизвици. Тој додаде дека во овие две години на криза, деловниот сектор во Македонија има постигнато многу успеси, но доколку не постоеше оваа криза бројот на бруто-домашниот производ ќе беше уште поголем.

Членот на Стопанската комора на Македонија, Горан Рафајловски, рече дека новата влада треба сериозно да се обиде и да ги исчисти сите долгови на Македонија кои ги има Владата, јавните претпријатија и општините, што според него ќе создаде клима на добра економија. Тој апелираше до лидерите на политичките партии во Македонија да се формира нова влада што е можно поскоро, со оглед на тоа дека моменталната ситуација влијае на економијата.

„Во светот на глобализацијата, малите земји може да се приклучат само ако тие ги следат трендовите, и ако малите земји не го направат тоа, тие ќе останат таму каде што се како мали земји. Сепак, економијата не познава мали земји, но само успешни економии, а Македонија врз основа на својот потенцијал може да биде успешна економија во следните 20 години", рече Рафајловски.

На настанот присуствуваше и лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Зоран Заев, кој рече: „Овој настан е одлична можност да се слушнат практики кои големи бизнисмени кои се покажаа овде во Македонија и во регионот. Тоа што се дискутира е навистина вредно во секој поглед и јас верувам дека политичарите можат многу да научат од искуствата на деловните луѓе од региоот”, рече Заев.

Заев во врска со разговорите за формирање нова влада со Демократската унија за интеграција (ДУИ), соопшти дека има добиено документ со барањата на ДУИ како услов за коалиција. Тој рече дека е подготвен да прифати се во согласност со Уставот на Република Македонија. Тој додаде дека работните групи на неговата партија разговараат за барањата на ДУИ.

- Азески: Штетите предизвикани од блокадата на граничните премини ќе бидат големи -

Во врска со блокада на македонско-грчкиот граничен премин како резултат на штрајкот на грчките земјоделци кои го држат под блокада од 30 јануари оваа година, претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески рече дека во моментов не може да се процени штетата но тој апелираше до Европската унија (ЕУ) за решавање на ова прашање, бидејќи според него, јасно е дека штетата ќе биде голема.

„Штетата во овој момент не може да се оцени, но ќе биде голема штета, бидејќи ова штета доаѓа подоцна. Во моментов имаме проблем во три сектори, и тоа со стоката која останува блокирана, увозот на нафтени производи кои одат преку Бугарија и со малите претпријатија, кои не можат да увозуваат стоки”, изјави Азески.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın