Турција, економија

Турската економија во вториот квартал од годината оствари раст од 5,1 отсто

Заводот за статистика на Република Турција (TUIK) објави извештај за бруто-домашниот производ (БДП) на земјата за вториот квартал од оваа година, односно за периодот од месец април до јули

Göksel Yıldırım  | 11.09.2017 - Обновена : 12.09.2017
Турската економија во вториот квартал од годината оствари раст од 5,1 отсто

Ankara

АНКАРА (АА) - Турската економија во вториот квартал од оваа година оствари раст од 5,1 отсто во однос на истиот период минатата година, јавува Anadolu Agency (AA).

Заводот за статистика на Република Турција (TUIK) објави извештај за бруто-домашниот производ (БДП) на земјата за вториот квартал од оваа година, односно за периодот од месец април до јули.

Во однос на истиот период минатата година, турската економија забележа раст од 5,1 отсто. Сходно со тековните цени на пазарот во истиот период БДП на Турција се зголеми за 16,3 отсто и изнесува 734,211 милијарди лири (близу 180 милијарди евра).

Кога станува збор за секторите, турското земјоделство во вториот квартал од годината забележа раст од 4,7 отсто, индустријата порасна за 6,3 отсто, додека градежниот сектор оствари раст од 6,8 отсто. Трговијата, транспортот и услужните дејности остварија раст од 5,7 отсто.

„AA Finans“ претходно направи анкета за очекувањата за растот на турската економија во која учествуваа економисти и аналитичари, а беше предвиден раст од 5,4 отсто.

Заводот за статистика на Република Турција (TUIK) ги ревидираше извештаите за економскиот раст на Турција од почетокот на 2015 година до сега.

Во извештајот се наведува дека минатогодишниот раст е ревидиран од 5,3 на 4,9 отсто, и дека растот остварен во првиот квартал од оваа година е ревидиран од пет на 5,2 отсто.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın