живот

Другото лице на студената Москва: Бездомници живеат во јавните тоалети

Буџетот за социјални услуги во Русија е недоволен, а економските проблеми продолжуваат поради падот на цените на нафтата и санкциите...

Emre Gürkan Abay  | 12.02.2018 - Обновена : 13.02.2018
Другото лице на студената Москва: Бездомници живеат во јавните тоалети Sefa Karacan/AA

Moskva

МОСКВА (AA) - ЕМРЕ ЃУРКАН АБАЈ - Илјадници луѓе кои дошле со големи надежи во Москва, која е атрактивен центар на поширокиот регион, од Источна Европа сè до Далечниот Исток, и останале без покрив над глава, се борат за живот на екстремно студеното време, пишува Anadolu Agency (AA).

Буџетот за социјални услуги во Русија е недоволен, а економските проблеми продолжуваат поради падот на цените на нафтата и санкциите. Бројот на лица што живеат под границата на сиромаштијата во земјата e на највисоко ниво во последните 10 години, и достигна 20 милиони од минатата година.

Според официјалните бројки, во главниот град на руската економија живеат тринаесет илјади луѓе на улиците, а според проценките на невладините организации околу 100 илјади луѓе.

Стотици бездомници умираат секоја година во Москва, каде што просечната температура е -10 степени во зима, а често има и обилни снежни врнежи и бури.

Александар Чернов кој допатувал во Москва пред 10 години и живее на улиците, објаснува за АА дека дошол од Белорусија во Москва за да му помогне на своето семејство, но по тешкиот период во неговиот живот, сега се обидува да преживее.

Има денови кога останува во некоја аптека за да се стопли, а некои ноќи дава 50 рубли за да спие во јавните тоалети.

„Ноќите се многу студени, понекогаш и до - 20 степени, и не е лесно да се живее на улиците“, рече Чернов.

Чернов истакна дека добродушните луѓе во Москва понекогаш му помагаат: „Еден ден додека седев на улица, еден млад човек ми пријде и ме праша како сум. Иако не побарав, ме одведе во ресторан и ме нахрани. Добри луѓе сè уште постојат“.

Фјодор Соловјев, кој ја води борбата со животот на улица, рече дека дошол во Москва од руските северни градови во 2008 година.

Соловјев раскажува дека почнал да живее на улица откако се развел пред некое време. „Обично ги користам јавните тоалети за да преспијам. Живеам на улица, по станиците и понекогаш во празните згради, ако тоалетите се затворени“, вели тој.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın