живот

Половина од Французите избегнуваат да одат на лекар

Истражувањето покажа дека пациентите најмногу се жалат на фактот што лекарите немаат внимателен пристап кон нив и се плашат од несоодветни лекарски совети

Murat Ünlü  | 19.09.2017 - Обновена : 20.09.2017
Половина од Французите избегнуваат да одат на лекар

Paris

ПАРИЗ (АА) - Половина од Французите, плашејќи се од она што би можеле да го чујат, избегнуваат да одат на лекар, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според истражувањето што го спроведе агенцијата „BVA“ (БВА), 78 отсто од Французите кои учествувале во анкетата изјавиле дека во претходните посети на ординациите, при прегледите се чувствувале непријатно поради некои осуди од страна на лекарите.

Педесет отсто од анкетираните изјавиле дека го одложуваат одењето на лекар бидејќи се плашат од она што би можеле да го чујат. Процентот на жени што го избегнуваат одењето на лекар од истите причини достигнува до 83 отсто.

Според истражувањето, поради слични причини, 38 отсто од Французите ги откажуваат своите закажани средби со лекар, додека 25 отсто престанале да одат на лекар.

Истражувањето покажа дека пациентите најмногу се жалат на фактот што лекарите немаат внимателен пристап кон нив и се плашат од несоодветни лекарски совети.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.