живот

Поради недостаток на хормон, бебе од 18 месеци тежи 32 килограма

Јагиз Бекто, син на семејството Бекто од северниот турски град Самсун, иако има само 18 месеци, поради недостаток на хормонот лептин достигна тежина од 32 килограма

Fatih Mehmet Kürkçü  | 15.05.2017 - Обновена : 16.05.2017
Поради недостаток на хормон, бебе од 18 месеци тежи 32 килограма Fatih Mehmet Kürkçü/АА

Samsun

САМСУН (АА) - Јагиз Бекто, син на семејството Бекто од северниот турски град Самсун, иако има само 18 месеци, поради недостаток на хормонот лептин достигна тежина од 32 килограма, јавува Anadolu Agency (AA).

Лептинот е протеински хормон којшто е важен регулатор на метаболизмот и служи за одржување на телесната тежина, а го создадаваат масните клетки во телото. Недостатокот на лептин влијае на зголемувањето на желбата за храна и на забавување на метаболизмот.

Сопружниците Седат и Севда Бекто го забележале брзото зголемување на тежината кај синот Јагиз додека имал само пет месеци, и се консултирале со лекар. Откако бил однесен во Клиничкиот центар на Универзитетот „Еге“, кај Јагиз е констатиран недостатокот на хормонот лептин.

Јагиз денес има 1,5 години и тежи 32 килограма. Семејството пронашло лек што може да помогне во регулирањето на неговата телесна тежина. Сепак, поради тоа што станува збор за лек што не го покрива здравственото осигурување, тие не се во можност да го купат.

Родителите велат дека поради оваа причина, тие побарале помош од државните институции.

Мајката Севда Бекто истакна дека покрај неможноста за купување лекови, имаат проблем да најдат соодветна облека и пелени за 18-месечниот син.

„Моето бебе сака да јаде, а јас немам моќ да го спречиам во намерата“, рече мајката Севда.

Татко Седат Бекто изјави дека за една кутија лек за неговиот син треба да се издвои околу 12.000 турски лири (3.000 евра) и дека не е во состојба да ги купи овие лекови.

Од Заводот за здравствено осигурување порачаа дека лековите што му се потребни за малиот Јагиз не се на листата што ја покрива осигурувањето, но дека тие се обидуваат проблемот на семејството да го решат на друг начин.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın