живот

Признанијата и благодарноста клучни за задоволството на вработените на работа

Последните истражувања на јавното мислење покажаа дека признанијата и благодарноста се клучен фактор за задоволството на вработените на работното место

Elvir Hocic  | 18.09.2017 - Обновена : 19.09.2017
Признанијата и благодарноста клучни за задоволството на вработените на работа АА/Архива

Berlin

БЕРЛИН (АА) - Последните истражувања на јавното мислење покажаа дека признанијата и благодарноста се клучен фактор за задоволството на вработените на работното место, пренесува Anadolu Agency (AA).

Со анализа на последниот извештај на Европското истражување на работните услови (ЕВЦС), Економскиот институт на Германија објави текст во којшто се наведува дека повисок степен на задоволство на работното место покажуваат работниците кои повремено добиваат покачување на платата, пофалби и кои имаат можност за напредување во работниот колектив.

ЕВЦС е стручен центар којшто веќе 27 години ги истражува условите за работа во Европската Унија, а во последното истражување од 2015 година беа испитани речиси 44.000 работници.

Помалку задоволни од работата се испитаниците кои имале долг работен ден, биле под притисок на временски рокови и често биле прекинувани во работата.

Најсреќни на работното место се работниците во Австрија, каде што 93 отсто од испитаниците се изјаснија дека се задоволни на работа.

Во Германија, 88 отсто од вработените се изјаснија дека се задоволни, што е под европскиот просек.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın