култура и уметност

Амстердам: Изложба „Доживеј го Алепо" за разорениот сириски град

Изложбата ја покажува моменталната состојба во Алепо, кој е уништен за време на војната која со години трае во Сирија

Abdullah Aşıran  | 22.07.2017 - Обновена : 24.07.2017
Амстердам: Изложба „Доживеј го Алепо" за разорениот сириски град

Amsterdam

АМСТЕРДАМ (АА) - Изложбата на минијатури „Доживеј го Алепо" беше отворена во Амстердам, јавува Anadolu Agency (AA).

Изложбата ја покажува моменталната состојба во Алепо, кој е уништен за време на војната која со години трае во Сирија.

Алепо, вториот по големина град по престолнината Дамаск, се претвори во „град на духови".

Изложбата им овозможува на посетителите интерактивна и реална слика за уништениот Алепо.

Прикажано е сведоштво на оние кои се нашле во воено разурнатиот Алепо, вклучувајќи лекари, професори и новинари.

Изложбата на минијатури е дизајнирана врз основа на нивните сведоштва.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın