Турција

„Во наредните денови почнува затегнувањето на обрачот околу центарот на Африн“

„За нас е многу важно секое место каде што ќе зачекориме да остане безбедно. Во истовреме, потребно е време да се направат одредени подготовки на теренот...“

İlkay Güder  | 20.02.2018 - Обновена : 21.02.2018
„Во наредните денови почнува затегнувањето на обрачот околу центарот на Африн“

Ankara

АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денеска во Анкара изјави дека во наредните денови ќе започне затегнувањето на обрачот околу центарот на Африн, јавува Anadolu Agency (AA).

Ердоган денес имаше обраќање пред членовите на клубот на пратеници на Партијата за правда и развој (АК Партија) во парламентот, и притоа се осврна на актуелните случувања.

„За нас е многу важно секое место каде што ќе зачекориме да остане безбедно. Во истовреме, потребно е време да се направат одредени подготовки на теренот. Во наредните денови, на еден брз начин ќе започне стегањето на обрачот околу центарот на Африн“, порача Ердоган.

Турскиот претседател потсети дека во склоп на операцијата „Маслинова гранка“, која започна на 20 јануари, неутрализирани се најмалку 1.715 терористи.

„Никој не смее да заборави една реалност. Ние таму не отидовме за да срушиме и уништиме секој кој ќе се најде пред нас. Ние таму влеговме со цел тој простор да го направиме безбеден и возможен за живот за стотици илјади жители на регионот кои се наоѓаат во нашата земја“, порача Ердоган.

Тој нагласи дека Турција на воените операции гледа како на последна можна опција, и дека со години била во исчекување да се спречи опасноста од терористичките организации кон Турција.

„Во моменти кога очекувавме дека опасноста ќе биде намалена, таа се зголемуваше. Ги надминуваше нашите граници и нанесуваше штета во рамките на нашата земја. Немавме друг излез освен да покренеме акција“, порача Ердоган и додаде:

„Регионот кој го расчистивме од терористичките елементи за време на офанзивата „Штитот на Еуфрат“, стана место на безбедна клима, како за нас, така и за жителите на тој регион. Ако обратите внимание, откако овој регион е исчистен од терористите во нашата земја се искоренети и терористичките напади на ДЕАШ. Така ќе биде и во Африн, во Идлиб и Мунбич. Исто ќе биде на потез од Тел Абјад сè до Камишли. Нашата борба ќе продолжи сè додека не биде неутрализиран и последниот терорист од регионот“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın