Турција

„Европа има повеќе потреба од Турција отколку Турција од Европа“

„Економијата на Турција побрзо расте од европската. На некој начин, всушност Турција нема потреба од Европа. Има потреба од тоа Европа да не се меша во внатрешните работи на Турција“

Ekipa  | 21.11.2017 - Обновена : 21.11.2017
„Европа има повеќе потреба од Турција отколку Турција од Европа“

London

ЛОНДОН (АА) - ИНЏИ ЃУНДАГ/ТАЈФУН САЛЏИ - Претседателот на Форумот Ел Шарк, Вадах Ханфар, истакна дека позицијата на Турција во однос на Европската Унија (ЕУ) е силна и, според него, потребата на Европа од Турција е поголема отколку потребата на Турција од Европа, пишува Anadolu Agency (AA).

Ханфер, кој престојува во Лондон на конференцијата „Европа и нејзините соседи“, во заедничка организација од страна на Форумот Ел Шарк и Кралскиот институт за меѓународни односи „Чатам хаус“ (Chatham House), во разговор со АА истакна дека пристапот на Европа кон Блискиот Исток е насочен кон заштита на стабилноста, макар таа да е лажна, поддржувајќи ја диктатурата. „Кризата во Сирија, Ирак и во останатите региони од Блискиот Исток, доаѓа до точка каде што има поголемо влијание на Турција отколку на Европа. Турција зазема стратешка позиција во регионот и во светот“, рече Ханфер.

- „Европа веќе не ја брани слободата и демократијата“ -

Ханфер нагласи дека Европа во преден план ја става економијата во односите со земјите од Блискиот Исток. „Европа нема морален став во својот пристап кон Блискиот Исток. Европа веќе не ја брани слободата и демократијата. Во минатото барем тоа се користеше како реторика. Турција не може да толерира, да гледа како еден регион се влече во хаос, да го гледа уривањето на еден регионален поредок, и да не стори ништо“, пренесе Ханфер.

Како што истакна Ханфер, Турција се зближува со Русија и со Иран, а се држи на дистанца од Европа. „Гледам дека Турција се држи на дистанца од Европа како никогаш порано. Економијата на Турција побрзо расте од европската. На некој начин, всушност Турција нема потреба од Европа. Има потреба од тоа Европа да не се меша во внатрешните работи на Турција“, додаде тој.

Ханфер посочи дека ставот на Европа во однос на внатрешните проблеми на Турција, пред сѐ пристапот кон обидот за државен удар на 15 јули, ја оддалечува Турција од неа.

- „Позицијата на Турција сега е помоќна“ -

„Постои двоен стандард во пристапот на Европа кон нашиот регион. Тие немаат проблем да бидат во добри односи со диктаторите. Го поддржаа воениот пуч во Египет. Тие имаат мек пристап кон настаните во Арапскиот свет, пред сѐ со Саудиска Арабија, но кога доаѓа редот на Турција, се обидуваат да ни одржат лекција за вредности од одреден вид. Тие не се задоволуваат со тоа, па се мешаат во внатрешната политика. Некогаш ме интересира, дали зад овој двоен стандард стојат интереси или идеологија? Бидејќи ако стојат интереси, интересите на Европа во Турција се повеќе од интересите во останатите земји од Блискиот Исток“, рече Ханфер.

Ханфер пренесе дека во последните 60-70 години, Турција е блиска со перспективата на НАТО и Европа, и додаде: „Слабеењето на односите меѓу Турција и Европа и НАТО, значи слабеење на Европа“.

Ханфер се осврна и на кризата во економијата на Европа, како и на тоа што Британија ја напушта ЕУ. „Според мене, потребата на Европа од Турција е поголема од потребата на Турција од Европа. Позицијата на Турција сега е помоќна, поради што Европа нема да дозволи Турција да се оддалечи. Во иднина, може да се постигне договор под многу подобри услови“, додаде во разговорот со АА, претседателот на Форумот Ел Шарк, Вадах Ханфер.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın