свет

Франција ја предупреди Русија во врска со кибер нападите

„Немешањето во внатрешните работи на другите држави е основата на меѓународните односи, Русија тоа го знае најдобро“

Fatma Esma Arslan  | 19.02.2017 - Обновена : 20.02.2017
Франција ја предупреди Русија во врска со кибер нападите

Paris

ПАРИЗ (АА) – Министерот за надворешни работи на Франција, Жан-Марк Еро, истакна дека кибер нападите на Русија се неприфатливи, јавува Anadolu Agency (AA).

Во неговото интервју за францускиот весник „Journal de Dimanche“, Еро изјави дека претседателските кандидати во Франција којшто ги бранат европските вредности биле изложени на кибер напади.

„Немешањето во внатрешните работи на другите држави е основата на меѓународните односи, Русија тоа го знае најдобро“, изјави Еро посочувајќи кон кибер нападите извршени кон претседателскиот кандидат Емануел Макрон.

Еро истакна дека „кибер нападите на Русија се неприфатливи“ и подвлече дека никогаш нема да дозволи некој на францискиот народ да му импонира некој избор.

Во соопштението од Кабинетот на претседателот на Франција објавен минатата недела, се вели дека Советот за национална безбедност ќе разговара околу заканите од кибер нападите.

„Претседателот на Франција Франсоа Оланд, на следната средба на Советот за национална безбедност, сака да изврши преглед на некои мерки за следење и заштита кои што ќе му бидат предадени, под коишто спаѓа и кибер просторот“, стои во писменото соопштение.

Ричард Феранд, портпаролот на Макрон, кој е еден од силните кандидати на престојните претседателски избори во Франција, тврдеше дека се извршени кибер напади од страна на Русија врз кампањата за претседатлски избори.

Димитри Песков, портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, реагираше изјавувајќи дека тврдењата се смешни.

Весникот „Le Canard Enchaine“, познат по објавување на скандалозни вести, во согласност со извештаите на Генералната дирекција за надворешна безбедност (DGSE), имаше напишано дека изразуваат загриженост од странски кибер напади за време на претседателските избори.

Министерот за одбрана Жан-Ив Ле Дриан, во изјава минатиот месец, предупреди од можни кибер напади на престојните претседателски иабори, слични на оние во САД.

„Не ја исклучуваме можноста од кибер напади слични на тие во САД, за време на претседателските избори во Франција. Ги повикувам сите да бидат внимателни во врска со тоа“, имаше изјавено министерот за дбрана Ле Дриан.

Ле Дриан истакна и дека Франција не е ослободена од заканите за кибер напади, велејќи: „Наивно би било да се мисли спротивното“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.