политика

Чавушоглу ја започна посетата на Азербејџан

Во соопштението од кабинетот на азербејџанскиот претседател се наведува дека Алијев и Чавушоглу разговарале за низа билатерални и регионални прашања, вклучувајќи ја и кризата во Нагорно-Карабах

Ruslan Rehimov  | 19.07.2017 - Обновена : 19.07.2017
 Чавушоглу ја започна посетата на Азербејџан

Baki

БАКУ (AA) – Претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев, го прими турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, кој утрово допатува во службена посета на Баку. Во азербејџанската престолнина денес ќе биде одржан 4. Трилатерален состанок на шефовите на дипломатиите на Турција, Азербејџан и Туркменистан, јавува Anadolu Agency (AA).

Алијев на состанокот со Чавушоглу изрази уверување дека на денешниот трилатерален состанок ќе бидат донесени конструктивни одлуки коишто ќе придонесат за интензивирање на регионалната соработка на повеќе полиња.

Тој потсети дека неодамна во Истанбул, на маргините на Светскиот самит за нафта се состанал со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, и истакна дека билатералните односи на двете земји секојдневно се унапредуваат.

Чавушоглу му се заблагодари на Алијев за поддршката што Азербејџан ја покажа кон Турција за време на минатогодишниот обид за пуч, што го потврди и со организирањето на низа пригодни програми по повод неодамнешното одбележување на годишнината од тој предавнички чин што во Турција го изведе терористичката организација ФЕТО.

Во соопштението од кабинетот на азербејџанскиот претседател се наведува дека Алијев и Чавушоглу разговарале за низа билатерални и регионални прашања, вклучувајќи ја и кризата во Нагорно-Карабах и новите судири меѓу ерменските и азербејџанските сили во тој регион.

Шефот на турската дипломатија, Чавушоглу, во период од само 15 часа имаше дипломатски состаноци и активности во четири града. Чавушоглу го започна дипломатскиот маратон со вчерашното обраќање на учесниците на Самитот „Општествените науки – моја иднина“, а потоа отпатува во Анкара, каде што се состана со шефот на естонската дипломатија, Свен Миксер. По завршувањето на состанокот, Чавушоглу отпатува во работна посета на Кипар, а рано утрово стаса во Баку, на состанок со колегата Мемедиров.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.