политика, Балкан

ЕУ со 37 милиони евра помага во вработувањето и социјалната инклузија во Македонија

Јоханес Хан денес во Скопје започна меѓународна кампања со којашто се промовира помошта на ЕУ во инвестирањето во човечки ресурси „Веруваме во тебе, вложуваме во тебе, ЕУ за тебе

Bekim Laci  | 21.11.2017 - Обновена : 22.11.2017
ЕУ со 37 милиони евра помага во вработувањето и социјалната инклузија во Македонија Bekim Laci/AA

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување, Јоханес Хан, денес во Скопје започна меѓународна кампања со којашто се промовира помошта на Европската Унија (ЕУ) во инвестирањето во човечки ресурси, насловена „Веруваме во тебе, вложуваме во тебе, ЕУ за тебе“, која има за цел да се подигне свеста на јавноста околу инвестициите што ЕУ ги има обезбедено во областа на вработувањето, образованието и социјалната инклузија, јавува Anadolu Agency (AA).

Еврокомесарот Хан во изјава за медиумите истакна дека ЕУ претходно била фокусирана на изнаоѓањето решение за политичката криза во Скопје, и додаде дека сега, со крајот на оваа криза, нивниот фокус ќе биде на соработката со властите на Македонија кон подобрување на животните услови, за што зборува и мотото на започнатата кампања.

Според него, успехот на оваа кампања ќе го спречи одливот на мозоци од Македонија во земјите на ЕУ, бидеќи ќе создаде кадар според потребите на пазарот на трудот.

„За трите горенаведени сектори обезбедивме 37,5 милиони евра, бидејќи се поврзани еден со друг, вработувањето, образованието и социјалната инклузија. Нашата цел е да ги подобриме животните услови за граѓаните. Неколкупати сум бил тука во врска со политичката криза, но сега сум многу среќен што се придвиживме од вонредна ситуација во ситуација ориентирана кон иднината“, рече Хан.

Вицепремиерот на Македнија задолжен за европски прашања, Бујар Османи истакна дека бројот од околу 13.000 корисници од средствата на ЕУ за унапредување на личните капацитети за наоѓање работа, претставува значаен придонес за економијата на земјата, каде што треба да се додадат и обуките за над илјада вработени во областа на образованието.

„Со тоа се подига квалитетот на образованието на нашите идни генерации, на нашите млади, а и се унапредуваат нашите компаративни вештини за натпреварување на отворениот европски пазар. Тоа се вредности за коишто ние политичарите се залагаме на секои избори, тоа се вредности за кои вреди да работиме и да се залагаме“, рече Османи.

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, во своето обраќање на почетокот од кампањата, истакна дека на граѓаните на Македонија добро им се познати невработеноста и сиромаштијата, и додаде дека владата е силно посветена да донесе светлина во оваа темнина.

Програмата за човечки ресурси 2007-2013, рече таа, е имплементирана преку еден модел на децентрализација, додека со мерките за вработување, поддржани од страна на ЕУ со четвртата ИПА компонента, за 13 илјади лица беше овозможено да ги надградат своите способности за полесно да влезат на пазарот на трудот. Како резултат на тоа, 65 отсто сега се вработени и даваат придонес за економијата на Македонија.

Во областа на социјалната инклузија, рече Царовска, целта е ориентирана кон намалување на нивоата на социјалната исклученост, промовирање на половата еднаквост и еднаквите можности на пазарот на трудот, каде што се инвестирани вкупно 6 милиони евра за вкупно 45 грантови реализирани од страна на граѓанското општество и локалните власти, социјалните центри и стручните училишта.

Министерот за финансии, Драган Тевдовски вети реформи во јавните финансии, со што проектите на ЕУ ќе најдат подобра примена во Македонија, бидејќи истовремено претставуваат хармонизација со тие на ЕУ.

Во придружба на вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, министерката за труд и социјална политика, Мила Царвоска и министерот за финансии, Драган Тевдовски, еврокомесарот Хан ја посети и Агенцијата за вработување, каде што во разговор со надлежните на оваа институција беше запознаен со досегашните резултати на соработката со ЕУ, и потоа со градскиот автобус испишан со мотото на проектот, се превезоа до Канцеларијата на ЕУ во Скопје, за да учествуваат на свеченоста по повод почетокот на кампањата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın