политика

Франција упати повик до Британија: Платете ги долговите кон ЕУ

„Потребно е Британија да ги плати своите долгови кон ЕУ. Оваа тема не е дел од преговорите за излез на Британија од членството. Ние си ги бараме парите назад", изјави француската министерка ле Мари

Rahmi Gündüz  | 20.07.2017 - Обновена : 22.07.2017
Франција упати повик до Британија: Платете ги долговите кон ЕУ

France

ПАРИЗ (АА) - Министерката за економија на Франција, Бруно ле Мари, рече дека е Британија треба да си ги плати своите долгови кон Европската Унија и истакна: „Оваа тема не е дел од преговорите за излез на Британија од членството. Ние си ги бараме парите назад“, јавува Anadolu Agency (AA).

Ле Мари зборуваше пред Комитетот за економија и финансиски работи во француското Собрание, одговарајќи во врска со периодот за излез на Британија од членството на ЕУ (Брегзит).

Таа изјави: „Потребно е Британија да ги плати своите долгови кон ЕУ. Оваа тема не е дел од преговорите за излез на Британија од членството. Ние си ги бараме парите назад“.

Министерката Ле Мари информираше дека долговите што произлегле во врска со излезот на Британија од членството во ЕУ можат да ја достигнат вредноста од околу 100 милиони евра.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın