свет

715.000 раселени Сиријци се вратија во своите домови во 2017 година

Меѓународната организација за миграции (ИОМ) денес соопшти дека речиси 715.000 внатрешно раселени Сиријци се вратија во местата од каде што потекнуваат во периодот меѓу јануари и октомври 2017 година

İlker Girit  | 21.11.2017 - Обновена : 22.11.2017
715.000 раселени Сиријци се вратија во своите домови во 2017 година АА/Архива

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - Меѓународната организација за миграции (ИОМ) денес соопшти дека речиси 715.000 внатрешно раселени Сиријци се вратија во местата од каде што потекнуваат во периодот меѓу јануари и октомври 2017 година, јавува Anadolu Agency (AA).

Бројките на ИОМ објавени на официјалната веб-страница покажаа дека меѓу оние што се вратиле во своите домови, околу 38.000 се раселени повторно.

Исто така, околу 96 отсто се вратиле во своите домови кои биле оштетени и им била потребна голема обнова, се вели соопштението на ИОМ.

Од Меѓународната организација за миграции, исто така, се вели дека 25 отсто од повратниците изјавиле оти се враќаат заради заштита на имотите. Покрај тоа, 20 отсто изјавиле дека забележуваат подобрување на безбедносната ситуација откако се вратиле дома.

Околу половина од повратниците што се населуваат во областите уништени од речиси седумгодишниот конфликт пријавиле недостаток на пристап до чиста вода, храна и здравствена заштита, додаде ИОМ.

Сирија е заробена во жестока војна уште од почетокот на 2011 година, кога режимот на Башар ал Асад презеде мерки со неочекувана свирепост против продемократските протести.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.