свет

Антитерористичка операција во Германија, приведени шестмина Сиријци

За време на операциите се приведени шестмина Сиријци (од 20 до 28 години) обвинети за членство во терористичката организација ДЕАШ, и за планирање терористички напад во Германија

Erbil Başay  | 21.11.2017 - Обновена : 23.11.2017
Антитерористичка операција во Германија, приведени шестмина Сиријци

Berlin

БЕРЛИН (АА) - Во рамките на борбата против тероризмот, извршени се рации во осум куќи, во различни градови во Германија, при што се приведени шестмина Сиријци, пренесува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението на обвинителството во Франкфурт се наведува дека во рамките на операциите започнати изутринава, извршени се рации во осум куќи во градовите Касел, Хановер, Есен и Лајпциг.

Според соопштеното, за време на операциите се приведени шестмина Сиријци (од 20 до 28 години) обвинети за членство во терористичката организација ДЕАШ, и за планирање терористички напад во Германија.

Исто така, се истакнува дека четворица од приведените дошле во Германија во 2014, а другите двајца во 2015 година, со цел да бараат азил во земјата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın