свет

Западен Брег: Во напад убиени тројца припадници на израелските сили

„Тројца Израелци загинаа, а еден е повреден во оружен терористички напад извршен во областа Хар Адар, надвор од Ерусалим. Полицијата го неутрализираше напаѓачот. Извршителот на нападот потекнува од едно палестинско село“, соопшти израелската полиција

Turgut Alp Boyraz  | 26.09.2017 - Обновена : 27.09.2017
Западен Брег: Во напад убиени тројца припадници на израелските сили

Quds

ЕРУСАЛИМ (АА) - Најмалку тројца припадници на израелските безбедносни сили се убиени во напад на Западниот Брег, јавува Anadolu Agency (AA).

„Тројца Израелци загинаа, а еден е повреден во оружен терористички напад извршен во областа Хар Адар, надвор од Ерусалим. Полицијата го неутрализираше напаѓачот. Извршителот на нападот потекнува од едно палестинско село“, соопшти израелската полиција.

Од полицијата не беа дадени повеќе информации за здравствената состојба на лицето што наводно го извршило нападот. Сепак, израелските медиуми велат дека напаѓачот бил убиен.

Израелските сили честопати, поради различни обвиненија вршат упади на Западниот Брег и во Источен Ерусалими и ги приведуваат Палестинците. Во израелските затвори се наоѓаат околу 7.000 Палестинци, а меѓу нив има и деца.

Од 2006 година, Израел го држи под окупација Појасот Газа, на чија територија живеат околу два милиона Палестинци.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.