свет

Западен Брег: Израелските сили уапсија палестински новинар

Израелските војници извршија претрес на куќата на новинарот Абдурахман Авад, без да објаснат зошто го апсат. Израелската армија сè уште не објавила ништо за овој настан

Said İbicioğlu  | 26.09.2017 - Обновена : 26.09.2017
Западен Брег: Израелските сили уапсија палестински новинар АА/Архива

Ramala

РАМАЛАХ (АА) - Израелските војници на Западниот брег го уапсија палестинскиот новинар Абдурахман Авад, јавува Anadolu Agency (AA).

Сопругата на Авад, Сина Абдулхафиз, за АА изјави дека израелските војници во утринските часови, насилно, со обивање на вратата влегле во нивниот дом во областа Бедрус во западниот дел на Рамала.

Тие извршија претрес на куќата, без да објаснат зошто го апсат нејзиниот сопруг. Израелската армија сè уште не објавила ништо за овој настан.

Абдурахман Авад работи како новинар за палестинската новинска агенција САФА.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın