свет

ИОМ: Во Сирија 419.000 жители и понатаму живеат под опсада

„Од јануари до октомври оваа година во своите домови се вратија 714.217 Сиријци. И покрај значајниот број на оние кои се вратија, во истиот период се раселени 1.452.636 Сиријци“, се порачува од ИОМ

Bayram Altuğ  | 21.11.2017 - Обновена : 21.11.2017
ИОМ: Во Сирија 419.000  жители и понатаму живеат под опсада

Geneve

ЖЕНЕВА (АА) - Меѓународната организација на ОН за миграции (ИОМ), потврди дека во оваа година околу 715.000 раселени жители на Сирија се вратиле во своите домови, јавува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението од ИОМ е нагласено дека не се работи за планско враќање на жителите на Сирија и дека како такво не е сигурно и одржливо.

„Од јануари до октомври оваа година во своите домови се вратија 714.217 Сиријци. И покрај значајниот број на оние кои се вратија, во истиот период се раселени 1.452.636 Сиријци“, се порачува од ИОМ.

Најголем број од сириското население се врати во областа на градот Алепо, а таму се вратија 58 отсто од вкупниот број на раселени. Исто така е нагласено дека 38.000 Сиријци кои се вратиле во овој период, се повторно раселени.

Од почетокот на граѓанската војна во Сирија се раселени вкупно 6,1 милиони, а според податоците на ИОМ, најголем дел од повратниците во Сирија е забележан во првите шест месеци од оваа година.

Меѓу повратниците, домовите на 96,3 отсто од нив за време на граѓанската војна се оштетени и потребна е обнова, половина од тој број се без питка вода, храна и здравствена поддршка.

Од друга страна, во извештајот на Координацискиот уред за хуманитарни работи на ОН (OCHA) наведено е дека 13,1 милиони жители имаат потреба за хуманитарна помош.

Ширум светот, првенствено во соседните земји, се наоѓаат околу 5,5 милиони сириски бегалци, и дека многу мал број од овие бегалци се вратиле во татковината.

Во извештајот се наведува дека со формирањето на зоните без воените дејства во Сирија се намалени случаевите на насилството, но и покрај тоа во оваа земја се продолжени судирите и за време на 2017 година.

Во Сирија сеуште 419.000 жителите живеат под опсада.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın