свет

Научни достигнувања: Роботот DexNet 2.0 без грешка подигнува и преместува предмети

Вештиот робот „DexNet 2.0“ мина низ таканаречениот процес на „длабоко учење“ и со успех од 99 отсто ги зема и ги преместува предметите со неправилна форма како чевли, шишиња или кутии

Elvir Hocic  | 28.05.2017 - Обновена : 29.05.2017
Научни достигнувања: Роботот DexNet 2.0 без грешка подигнува и преместува предмети Фото: Илустрација

San Francisko

САН ФРАНЦИСКО (АА) - Научниците од Универзитетот „Беркли“ во Калифорнија произведоа нова генерација на роботи со префинета вештина за земање и преместување на предмети без притоа да ги оштети, јавува Anadolu Agency (AA).

Вештиот робот „DexNet 2.0“ мина низ таканаречениот процес на „длабоко учење“ и со успех од 99 отсто ги зема и ги преместува предметите со неправилна форма како чевли, шишиња или кутии.

Кревањето и преместувањето на таквите предмети за човекот е лесна работа, а досегашните генерации на роботи се соочуваа со проблем при таквата задача, бидејќи не „знаеја“ каде и колку да го стегнат предметот.

Роботот „DexNet 2.0“ е опремен со посебна база на тридимензионални форми кои содржат повеќе од 6,7 милиони податоци што роботот ги користи како нервен систем за одредување на начинот на кој ќе зема и ќе ги преместува предметите со неправилна форма. Овој систем е ускладен со сензор и рака што ја извршува задачата.

Секој објект кој ќе се стави пред роботот веднаш по зададената задача ќе стане предмет на неговото набљудување и утврдување на тоа каде и како да го земе.

Речиси без грешка, и трипати побрз од сите претходни верзии, роботот „DexNet 2.0“ наскоро би можел да се најде и во индустријата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın