свет

ОН загрижени поради неуставниот референдум на северот на Ирак

Гутереш го „почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и единството на Ирак" и препорачува овие отворени прашања да се решаваат „со дијалог и конструктивен компромис", нагласи неговиот портпарол Стефан Дујарич

Canberk Yüksel  | 26.09.2017 - Обновена : 27.09.2017
ОН загрижени поради неуставниот референдум на северот на Ирак

New York

ЊУЈОРК (AA) - Антонио Гутерес, генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) синоќа рече дека е загрижен поради „потенцијално дестабилизирачки ефекти" на неуставниот референдум кој го одржа Регионалната курдска управа на северот на Ирак во спротивност со ставовите на меѓународната заедница, пренесува Anadolu Agency (AA).

Гутереш го „почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и единството на Ирак" и препорачува овие отворени прашања да се решаваат „со дијалог и конструктивен компромис", нагласи неговиот портпарол Стефан Дујарич.

Гутереш исто така очекува дека овластените активности на ОН во Ирак непречено ќе продолжат.

САД, Турција, Велика Британија, Иран, и централната ирачка влада го повикаа Ербил да се откаже од неуставниот референдум, но и покрај тоа референдумот е одржан вчера.

Ирачаните во подрачјата кои ги контролира Регионалната курдска управа и во пошироката територија којашто е предмет на спор помеѓу Ербил и Багдад гласаа за тоа дали ќе се одвојат од Ирак.

Претходно во понеделник, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави дека Турција ќе преземе политички, економски, трговски и безбедносни чекори против Регионалната курдска управа.

Ирачката централна влада се закани дека воено ќе интервенира доколку референдумот ќе води кон насилство.

Меѓутоа, Месуд Барзани, лидерот на Регионалната курдска управа на северот на Ирак рече дека референдумот нема да донесе автоматско прогласување на независноста, туку тоа ќе води кон понатамошни преговори со Багдад.

Федералниот суд на Ирак претходно одлуката за референдум ја прогласи за неуставна и наложи откажување на негово одржување.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.