свет

САД: Убиени две лица во обид да спречат исламофобичен напад

Советот за американско-исламски односи го повика претседателот Трамп да го осуди порастот на нетрпеливоста кон муслиманите во земјата

Canberk Yüksel  | 28.05.2017 - Обновена : 29.05.2017
САД: Убиени две лица во обид да спречат исламофобичен напад

New York

ЊУЈОРК (АА) - Две лица се избодени до смрт во Портланд кога интевенирале откако еден човек упатил исламофобични навреди на две жени, соопшти полицијата вчера, пренесува Anadolu Agency (AA).

„Џереми Џозеф Кристијан (35) кревал врева и правел проблеми во возот 'Metropolitan Area Express' поради што му се доближиле луѓе и почнале да интервенираат, по што се случило сѐ”, изјави Пит Симпсон, портпаролот на полицијата во Портланд, и додаде дека потоа луѓето биле жестоко нападнати.

Едниот човек починал на местото на настанот, додека другиот почина во болница, истакна Симпсон додека третиот повреден патник се наоѓа на лекување, но се наоѓа надвор од животна опасност.

Тој изјави дека Кристијан, кој е задржан во притвор без кауција, користел говор на омраза против две жени, од кои едната носела хиџаб.

Советот за американско-исламски односи (CAIR), инаку најголема организација која ги претставува муслиманите во Северна Америка, вчера го повика претседателот Доналд Трамп да го осуди порастот на нетрпеливоста кон муслиманите.

„Претседателот Трамп мора отворено да зборува против порастот на исламофобијата и другите облици на нетрпеливост и расизам во нашиот народ, кој го испровоцира преку голем број на изјави, преку политиката кои негативно се одразија на малцинските заедници”, изјави Нихад Авад, извршниот директор на Советот.

Нападот во Портланд, каде што живеат 50.000 муслимани, се случи во петокот кога голем дел од 1,6 милијарди муслимани во светот се подготвуваа за месецот Рамазан. Симпсон нагласи дека полицијата и пред инцидентот, со локалните муслимански заедници зборувала за зајакнати мерки на безбедност за време на Рамазан.

Осомничениот Кристијан, меѓу останото, се товари за тешко убиство и обид за убиство. Тој од претходно има криминално досие поради киднапирање, кражба и поседување на оружје.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın