свет

Јемен побара од ОН Хусите да ги внесе во листата на терористички организации

Во писмото наведува дека Иран финансира и обучува борци, пружа воена и стратешка поддршка и продолжува да праќа камиони со оружје и муниција, со што ги крши резолуциите на Советот за безбедност на ОН

Safiye Karabacak  | 19.02.2017 - Обновена : 20.02.2017
Јемен побара од ОН Хусите да ги внесе во листата на терористички организации

Аден

АДЕН (АА) - Владата на Јемен од Обединетите нации (ОН) побара Хусите да бидат ставени на листата на терористички организации, јавува Anadolu Agency (AA).

Постојаниот амбасадор на Јемен во ОН, Калид ел-Јемани, испрати писмо до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Во писмото наведува дека Иран финансира и обучува борци, пружа воена и стратешка поддршка и продолжува да праќа камиони со оружје и муниција, со што ги крши резолуциите на Советот за безбедност на ОН.

Јемани вели дека Хусите и поддржувачите на соборениот лидер Али Абдула Салих вршат напади во кои гинат стотици лица, со кои е предизвикана голема штета на инфратруктурата, уништени се училишта и болници.

Поради овие наведени причини, тој бара од Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН), Хусите да ги внесе во листата терористички организации.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın