спорт

„Ќе ви стане јасно дека Погба не сме го купиле скапо“

Хосе Мурињо во врска со 23-годишниот Погба, кој што екипата на Манчестер го купи од Јувентус, кажа дека наскоро ќе ја изгуби титулата на најскап трансфер

Mutlu Demirtaştan  | 19.02.2017 - Обновена : 20.02.2017
„Ќе ви стане јасно дека Погба не сме го купиле скапо“

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) – Тренерот на Манчестер Јунајтед од англиската Премиер Лига, Хосе Мурињо, рече дека сумата од 105 милиони евра исплатена за Пол Погба во почетокот на сезоната, во иднина ќе биде проценета како мала сума, јавува Anadolu Agency (AA).

Во изјава за англиските медиуми, Мурињо истакна дека 23-годишниот Погба, кој што екипата на Манчестер го купи од екипата на Јувентус, наскоро ќе ја изгуби титулата на најскап трансфер.

„Наскоро, ќе бидат платени исти суми за фудбалери коишто поседуваат само половина од квалитетите на Погба. Пред неколку години, за трансферот на еден супер играч можеше да се плати и само 30 милиони евра. Додека денес, за 30 милиони евра може да се купи фудбалер за којшто само се очекува дека ќе биде добар. Во моментов, за еден 20-годишен фудбалер за којшто се има големи очекувања, се даваат пари исто како за ѕвездите“, рече Мурињо.

Искусниот стратег исто така пренесе дека сумата исплатена за францускиот фудбалер Погба е причината за притисоците кои што се вршат врз него.

„Погба ги има квалитетите кои што ја заслужуваат дадената сума за него. Сигурен сум дека притисокот ќе се тргне од него во текот на други рекордни трансфери. Задоволен сум од неговите перформанси. Сè уште е многу млад. Знае да ја одземе топката, да отпочне нова акција и ефикасен е во акциите за давање гол. Сигурен сум дека сè уште ќе се развие. За неколку години ќе ви биде јасно дека Погба не сме го купиле скапо“, изјави Мурињо.

Играчот од средниот ред во Манчестер Јунајтед, францускиот фудбалер Погба, во одиграни 34 меча има 7 постигнати гола и 4 асистенции.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın