Турција

„Предложениот силен политички систем, на Турција ѝ е потребен и по Ердоган“

„Тоа што Турција денес е силна земја не е плод на актуелниот политички систем, туку тоа што имаме лидер каков што е Реџеп Таип Ердоган“

Emre Ayvaz  | 28.03.2017 - Обновена : 29.03.2017
„Предложениот силен политички систем, на Турција ѝ е потребен и по Ердоган“

Sakarya

САКАРЈА (АА) - Шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, изјави дека уставните реформи и политичкиот систем кои ќе бидат предмет на априлскиот референдум, ѝ се потребни на Турција и по заминувањето на актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган од политичка сцена, јавува Anadolu Agency (AA).

Чавушоглу денес се обрати пред учесниците на собирот што во Сакарја го организираше огранокот на жени на владејачката Партија за правдата и развојот (АК Партија).

Истакнувајќи дека очекува народот да го поддржи предлогот уставни реформи, кој во форма на 18 амандмани ја помина парламентарната процедура, а со кој се предвидува да се воведе претседателски систем на управување во Турција, Чавушоглу изјави дека силен и стабилен политички систем е потребен за силна и стабилна Турција.

„Тоа што Турција денес е силна земја, што напредува и покрај сите препреки, се бори против предавниците и терористите и што чекори со сигурен чекор и кога целиот свет се задушува во економска криза, не е плод на актуелниот политички систем, туку е причина тоа што имаме лидер каков што е Реџеп Таип Ердоган“, изјави Чавушоглу.

Чавушоглу рече дека секој мора да се запраша што ќе се случи со Турција по Ердоган, и додаде дека не е важно кој ќе дојде по него доколку Турција има силен и ефикасен систем каков што е оној што е вткаен во предложените уставни реформи.

„Денес во светот не постои посилен лидер, кој зад себе има посилна народна поддршка од Ердоган и зошто нему би му била потребна дополнителна моќ. Сегашниот Устав дава широки овластувања за претседателот на државата. Овластувањата кои му се дадени во периодот на Кенан Еврен зад себе не вклучуваат одговорност. Системот што го предложивме на референдумот, всушност на Турција ѝ е потребен по Ердоган. Тоа е осигурување, гаранција за Турција по Ердоган. Мораме на народот добро да му го објасниме тој систем“, рече Чавушоглу.

Потсетувајќи на големиот број кризи со кои Турција се соочуваше поради неефикасноста на актуелниот политички систем, Чавушоглу изјави дека во изминатата деценија и пол немало стоотстотни девалвации, масовно пропаѓање на банки и расправии меѓу претседателот и премиерот на земјата само затоа што и двајцата се кадар на АК Партијата во која се негува братски однос меѓу луѓето.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.