Турција

„Со одобрувањето на собирот на ПКК и Швајцарија стана дел од антитурската параноја во Европа“

Во колумната во весникот „Дејли сабах“, Калин наведе дека со одобрувањето да се одржи очигледно протерористичкиот собир во Берн, и Швајцарија станала дел од антитурската параноја која е сѐ поголема во Европа

Ekipa  | 28.03.2017 - Обновена : 28.03.2017
„Со одобрувањето на собирот на ПКК и Швајцарија стана дел од антитурската параноја во Европа“

Ankara

АНКАРА (АА) - Портпаролот на Претседателството на Република Турција, Ибрахим Калин, изјави дека транспарентот со повик за атентат на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, истакнат на собирот што во Швајцарија беше одржан на 25 март, е показател на кој степен се непријателството и паранојата против Турција и против Ердоган, јавува Anadolu Agncy (AA).

Во колумната што ја објави весникот „Дејли сабах“, Калин наведе дека со одобрувањето да се одржи очигледно протерористичкиот собир во Берн, и Швајцарија станала дел од антитурската параноја која е сѐ поголема во Европа.

Тој потсети дека поддржувачите на терористичката организација ПКК на тој собир пропагираа на престојниот референдум за уставните реформи во Турција да се гласа против, но и дека јасно ги поддржаа терористите на ПКК и со транспаренти повикаа на убиство на турскиот претседател Ердоган.

„Па, кога во Европа било гледано нормално на повикот за убиство на претседател на некоја земја. Зарем непријателството и паранојата против Турција и Ердоган достигнаа до тој степен?“ запраша Калин.

Калин потсети дека Швајцарија на почетокот тврдела дека се работи за „мирен собир“, а по острите реакции на Турција започнала наводна истрага за тој случај, и порача дека вистинскиот проблем е тоа што во срцето на Европа се дозволуваат активности на терористичките организации. Калин исто така додаде дека воедно, оружјето што на транспарентот беше вперено во главата на демократски избраниот претседател е закана и за европските вредности.

Калин понатаму во текстот наведе дека одлуката за уставните реформи во Турција ќе ја донесат турските гласачи, на референдумот на 16 парил, а дека голем број политичари и медиуми во Европа спроведуваат кампања за референдумско „не“ и директно се мешаат во внатрешните работи на Турција.

„Доколку Европјаните навистина беа со Турција, би застанале на нејзина страна по јулскиот обид за воен удар. Би застанале со Турција во борбата против пучистите на ФЕТО и терористите на ПКК кои моментално дејствуваат во Европа. Би нѐ поддржале со конкретни активности во борбата против тероризмот, а не само со штури изјави. Наместо да го вооружуваат огранокот на ПКК во Сирија, би ја поддржале офанзивата ‘Штитот на Еуфрат’ против терористите на ДЕАШ“, истакна Калин.

Во понатамошниот текст, Калин исто така наведува дека со цел да се нормализираат односите со Турција, ЕУ морала поефикасно да го поддржи интеграцискиот пат на Турција, која во изминатите 12 години, од 36 поглавја затворила само едно. Се наведува и дека ЕУ морала да го одржи ветувањето за визна либерализација за турските државјани во рамките на договорот за решавање на бегалската криза.

„Клучно прашање е што добива Европа со губењето на Турција во своите редови. Некои популистички и радикални десничарски групи политичари од тоа можат да имаат краткорочна политичка корист. Меѓутоа, тоа нема да ги реши проблемите што Европа денес ги има, ниту пак ѝ трасира подобра иднина. Прашањето е дали Европа размислува за долгорочните последици на таквата политика кон силната членка на НАТО и дали размислуваат каква порака му испраќаат на муслиманскиот свет“, нагласи Калин

Тој посочи дека меѓу Турција и Европа е неопходен односот што се темели на заемна почит, доверба и обостран интерес, и заклучи дека за тоа постојат доволно социјални, економски и политички интереси за двете страни.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.