Турција

Амасија: Турскиот „град на принцови” оваа година очекува 650.000 посетители

Турскиот град Амасија, кој е познат и под називот „град на принцови” поради тоа што принцовите од Османлиското царство тука стекнувале образование, оваа година очекува околу 650.000 туристи

Cihan Okur  | 28.05.2017 - Обновена : 29.05.2017
Амасија: Турскиот „град на принцови” оваа година очекува 650.000 посетители Cihan Okur/AA

Amasya

АМАСИЈА (АА) - Џихан Окур – Турскиот град Амасија, кој е познат и под називот „град на принцови” поради тоа што принцовите од Османлиското царство тука стекнувале образование, оваа година очекува околу 650.000 туристи, јавува Anadolu Agency (AA).

Градот, кој се наоѓа на привремената листа на светско наследство на УНЕСКО, е препознатлив и по планината Харшена, гробниците на кралевите на Понтус, и по специфичките дрвени куќи сместени на падините на планината.

Посетителите имаат можност да одат на пешачење, но и да се занимаваат со туристички лов.

Гувернерот на Амасија, Салих Ишик, за АА изјави дека оваа година во „градот на принцовите” се очекуваат околу 650.000 туристи, а до 2023 година околу милион, поради што работат забрзано на претставувањето на природните и другите убавини на градот.

Ишик потсети дека Амасија со историја од 7.500 години била дом на 17 цивилизации.

Според него, Амасија е пример за турскиот анадолски град.

„Кога ќе погледнеме на бројот на туристи од 2002 година, забележуваме значаен пораст. Бројот на туристи во 2002 година изнесуваше околу 90.000, а во 2016 достигна до 500.000. Додека минатата година опаѓаше бројот на посетителите во другите градови во нашата земја, Амасија го сочува бројот на посети”, изјави Ишик кој додаде дека во првите четири месеци од оваа година градот го посетиле околу 90.000 туристи.

Ишик додаде дека во градот владее мир и безбедност и дека „гостите можат да преноќат на безбеден и мирен начин”.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.