Турција

Дејствувањето на ФЕТО во обвинението е споредено со ширењето на ХИВ-вирусот

Дејствувањето на терористичката организација ФЕТО/ПЈД, која стои зад обидот за државен удар во Турција, споредено е со ширењето на вирусот ХИВ, кој ја предизвикува болеста СИДА

Ekipa  | 21.11.2017 - Обновена : 21.11.2017
Дејствувањето на ФЕТО во обвинението е споредено со ширењето на ХИВ-вирусот

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - МУРАТ ПАКСОЈ - ХУСЕИН КУЛАОГЛУ - Дејствувањето на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ, која стои зад крвавиот обид за државен удар во Турција од јули 2016 година, споредено е со ширењето на вирусот ХИВ, кој ја предизвикува болеста СИДА, јавува Anadolu Agency (AA).

Со обвинението што го подготви обвинителот Евлија Чалишкан, од Одделот за тероризам и организиран криминал при Републичкото обвинителство во Истанбул, опфатени се 31 лице, од кои 28 се наоѓаат во притвор. Обвинието се однесува на структурата на ФЕТО во полициската академија „Шукру Балџи“ во Истанбул.

За 11-те обвинети, обвинителот побара затворски казни од по 22 години и шест месеци, поради кривичното дело „водење и членство во терористичка организација“, а за останатите 20 обвинети беа побарани казни од седум години и шест месеци до 15 години затвор, поради кривично дело „членство во терористичка организација“.

Обвинението, кое го прифати 29. Кривичен суд во Истанбул, укажува на целите и стратегијата на структурите на ФЕТО, односно настојувањето на ФЕТО да преземе контрола над полициските колеџи и академии. Она што е интересно во ова обвинение е тоа што дејствувањето на терористите на ФЕТО се споредува со ширењето на вирусот ХИВ, предизвикувач на болеста СИДА.

Кога вирусот ќе влезе во клетката на телесниот систем, односно кога непријателот ќе преземе контрола над неа, единствените што се во состојба да го препознаат тоа и кои се должни да дејствуваат според функцијата се специјалните одбранбени клетки кои се нарекуваат „NK, T и B"“.

„Овие клетки, преку меѓусебна соработка, дејствуваат против други заразени клетки и ги уништуваат, така што телото може да опстане и животот да продолжи. Во таа смисла, целта на ХИВ, која е предизвикувач на СИДА, се токму нашите специјални одбранбени клетки. Овие клетки единствено имаат способност да препознаат други клетки заразени со вирусот, но во случај ХИВ да преземе контрола над нив, повеќе нема да има клетки што ќе ги препознаат вирусите, што автоматски ќе резултира со колапс на имунолошкиот систем“, се вели во обвинението.

Во тој контекст, во обвинението се наведува дека ФЕТО/ПДЈ дејствува токму на ист начин како и вирусот ХИВ. Поради тоа, турската полиција за нив беше од голема важност, со оглед на тоа што токму таа е специјална одбранбена ќелија, односно еквивалент за детектирање на вирусите што ги напаѓаат здравите клетки во организмот.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın