Турција

Турција ги повика своите државјани во Ирак на претпазливост

„Можно е одредени радикални групи и терористички организации да се обидат да ја злоупотребат нестабилноста предизвикана од референдумот и за цел да ги имаат интересите на нашата земја во Ирак“

Meltem Bulur  | 25.09.2017 - Обновена : 26.09.2017
Турција ги повика своите државјани во Ирак на претпазливост

Ankara

АНКАРА (АА) - Претходното предупредување за патување во покраините надвор од Регионалната курдска управа во северен Ирак е проширено и на Дохук, Ербил и Сулејманије, кои се наоѓаат во границите на Управата, соопшти Министерството за надворешни работи на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението за турските државјани кои се наоѓаат во Ирак или планираат да патуваат во таа земја, се потсетува дека последното предупредување од безбедносни причини е издадено на 18 октомври 2016 година.

Се наведува дека референдумот којшто се одржува денес во Регионалната курдска управа носи ризик од нова неизвесност во Ирак, безбедносни прашања и судири.

„Можно е одредени радикални групи и терористички организации да се обидат да ја злоупотребат нестабилноста предизвикана од референдумот и за цел да ги имаат интересите на нашата земја во Ирак, вклучувајќи ја и Регионалната курдска управа“, се вели во соопштението во кое се додава дека е соодветно предупредувањето кое се однесува на ирачките покраини надвор од Регионалната курдска управа да се прошири и на Духок, Ербил и Сулејманије.

Турските државјани и правни лица кои се наоѓаат во овие покраини се повикани да бидат претпазливи, избегнување на фреквентни места, да ги зајакнат безбедносните мерки, да останат во контакт со турската Амбасада во Багдад и во конзулатот во Ербил, и движењето кон овие покраини да го сведат на минимум.

Исто така, оние кои не се принудени да останат во тие покраини, се повикуваат да ги напуштат споменатите подрачја што е можно поскоро.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın