Турција

Турција: Издадени налози за апсење на 364 лица, осомничени за соработка со ФЕТО

Од канцелариите на јавните обвинители во Истанбул, Коња и Мерсин денес се издадени налози за апсење на 364 лица поради сомнеж за поврзаност со терористичката организација ФЕТО

Seyit Ahmet Aytaç  | 20.02.2018 - Обновена : 20.02.2018
Турција: Издадени налози за апсење на 364 лица, осомничени за соработка со ФЕТО

Ankara

ИСТАНБУЛ/МЕРСИН/КОЊА (АА) - Од канцелариите на јавните обвинители во Истанбул, Коња и Мерсин денес се издадени налози за апсење на 364 лица поради сомнеж за поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).

Од Истанбул се издадени налози за апсење на 170 осомничени лица како дел од истрагата спроведена во 38 области низ Турција. Некои од осомничените се лица од воен персонал на должност, вели изворот, кој зборуваше под услов да остане анонимен.

Од канцеларијата на јавниот обвинител во централна Коња се издадени налози за апсење на 80 осомничени лица на ФЕТО, од кои досега се уапсени 47.

Во меѓувреме, од канцеларијата на јавниот обвинител во јужниот дел на Мерсин, исто така, се издадени налози за апсење на 96 лица кои се товарат за користење на мобилната апликација „БајЛок“ (ByLock). Од нив досега се уапсени 88 лица.

Терористичката организација ФЕТО, на чело со Фетула Ѓулен, со посредство на своите инфилтрирани припадници во државните институции, во јули 2016 година се обиде да изврши државен удар во Турција. Во тој неуспешен обид пучистите убија најмалку 250 лица. Турција потоа покрена опсежна борба против терористичката организација ФЕТО, која е формирана пред неколку децении, и којашто под плаштот на верските програми ги злоупотреби верските чувства на луѓето за остварување на своите терористички планови.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın