Турција

Јилдирим: Затворањето на Ал-Акса e погрешна пракса на Израел

Јилдирим порача дека воведувањето на рестриктивните мерки за муслиманите во врска со влегувањето во џамијата Ал-Акса во никој случај не придонесуваат за решавање на кој било проблем

Duygu Yener  | 21.07.2017 - Обновена : 22.07.2017
Јилдирим: Затворањето на Ал-Акса e погрешна пракса на Израел

Ankara

АНКАРА (АА) - Турскиот премиер Бинали Јилдирим денес во Анкара порача дека воведувањето на рестриктивните мерки за муслиманите во врска со влегувањето во џамијата Ал-Акса во никој случај не придонесуваат за решавање на кој било проблем, јавува Anadolu Agency (AA).

„Ако се обидете да извршите претрес на сите верници, еден по еден, доаѓа до тешкотии во извршувањето на верските должности. Поради тоа, во врска со целата ситуација, потребно е да се развијат други мерки на претпазливост. Исламскиот свет е многу чувствителен на овие прашања. На Израел му препорачуваме дека сегашната практика е погрешна бидејќи затворањето на вратите на Ал-Акса пред муслиманите, таков радикален чин под изговор на заканата од тероризам, сигурно не придонесува за решавање на кој било проблем. Напротив... Се надевам дека ситуацијата наскоро ќе се нормализира“, рече Јилдирим.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın