Анадолија и Румелија одбрани Здружени права во име на Представничкиот одбор МУСТАФА КЕМАЛ АТАТУРК

(Кратка биографија)
Сердар Караѓоз е роден на 25 мај во 1981 година во Сакарја. Своето основно и средно образование го заврши во Истанбул, додека додипломските студии ги заврши во Одделот за политички науки при Универзитетот „Билги“ во Истанбул. На истиот Универзитет магистрираше во областа на правото, на депарманот Човекови права.
Караѓоз во 2008 година се приклучи на Медиумска група „Туркуаз“ (Turkuaz Medya Grubu) како управител, каде извесно време работеше во сите департмани на оваа компанија. Во 2010 година се запиша на магистерски студии во областа на медиумите во Универзитетот „New School“ во Соединетите Американски Држави (САД), додека по овие студии, почна да работи во Одделот за синдикати при „New York Times“. Во период од 2012 до 2014 година, Караѓоз работеше како дипломатски дописник на телевизијата „А Хабер“ за Обединетите нации (ОН). Тој од една страна пишуваше неделни статии во врска со актуелните настани во САД за весникот „Сабах“, а од друга страна ја основаше интернет страницата „usabah.com“ во врска со актуелните настани во САД.
По враќањето во Турција, Караѓоз работеше како директор задолжен за вести за странство при весникот „Сабах“, додека во овој период почна со подготовките за основање на весникот „Daily Sabah“ и во февруари во 2014 година стана основач и главен и одговорен уредник на весникот „Daily Sabah“. Сердар Караѓоз во октомври во 2018 година беше назначен во ТРТ како главен и одговорен уредник на меѓународните новински канали на ТРТ. Во овој период, Караѓоз во јазиците на објавување ги вклучи и арапскиот, германскиот, рускиот јазик, како и балканските јазици, со што даде важен придонес во успехот на ТРТ на меѓународната медиумска сцена. Караѓоз од 7 април во 2021 година ја продолжува својата кариера како претседател на Управниот одбор и генерален директор на Агенција Анадолија (АА), која е глобална новинска агенција на Турција.