Уредничките насоки на Anadolu Agency во воени ситуацији, конфликти, тероризам и временски непприлики:
Anadolu Agency
- 1.Одговорно известување од подрачјата каде што се војува, каде има конфликти, тероризам и временски неприлики но и давање на значење на универзалните вредности како и националната безбедност, јавниот ред и мир.
- 2.Новинаритена AA не известуваат на начини кои би довеле до дискриминација, насилство, терор или било каква друга расна или етничка нетрпеливост
- 3.Избегнување на известување и објавување на вести кои би можеле да доведат до создавање на омраза помеѓу луѓето, хаос, непријателства, страв и паника.
- 4.Објавените материјали не треба да содржат кадрови кои поттикнуваат на насилство, сеат страв, можат да предизвикаат трауми, задираат во вредностите на зачувување на еднаквоста, ја вреѓаат човечката чест и потикнуваат дискриминација.
- 5.Објавените материјали остануваат во рамките на објективното известување во воените подрачја и конфликти користејќи официјални извори.
- 6.Имиња на смртно страдани лица во терористички напади, несреќи или временски неприлики не смеат да бидат објавени пред да бидат известени членовите на семејствата.
- 7.Да не се објавуваат материјали кои би нанеле болка на семејствата, на личности кои се наоѓаат во подрачјата погодени од војни, конфликти или временски неприлики.
- 8.Објавениот материјал мора да ја штити приватноста на личноста доколку се работи за страдани во војни и временски неприлики.
- 9.Да не се прикажуваат фотографии на погубување, извршени смртни казни и фотографии и снимки кои прикажуваат човечко страдање, мачење, секогаш кога тоа е можно.
- 10.Да не се прикажуваат делови од човечки тела снимени после несреќа, снимки кои нарушуваат човечка чест. Посебно доколку се работи во крупен план, од типот кадрови на масакрот.
- 11.Агенцијата не емитува вести чии содржини на директен или пореден начин пропагираат злосторство или терористички активности и организации.
- 12.Агенцијата не емитува содржини кои на било кој начин можат да пропагираат тероризам или терористички организации.