????? ??????????
19 Ноември 2015•Ажурирај: 22 Ноември 2015
САРАЕВО (АА) - Transparency International (TI) спроведе студија за транспарентност во работата на Светската фудбалска федерација (ФИФА), но исто и за континенталните конфедерации и националните асоцијации.
Беше констатирано дека најголем дел од споменатите институции се прилично таинствена кога станува збор за нивното финансиско работење и трошење, јавува Anadolu Agency (АА).
Извршена е анализа врз работата на 209 национални здруженија, кои се членки на ФИФА и шесте континентални конфедерации.
Во периодот од 2011 до 2014 година ФИФА за секој од своите 209 членови одвои 2,05 милиони долари за развој на фудбалот, а континенталните здруженија добија 102 милиони долари. Интересно е тоа што 21 отсто од националните асоцијации немат сопствен веб-сајт и дека дури 55 проценти немаат статут.
Кога станува збор за етичкиот кодекс на само 24 проценти од сојузите го имаат, а 19 отсто од нив имаат јавно достапни финансиски извештаи.
Дури 85 проценти од нив не го објавуваат јавно својот годишен извештај за активностите кои се изведуваат.