İhvan Radoykov
02 Ноември 2017•Ажурирај: 03 Ноември 2017
СОФИЈА (АА) - Министерката за одбрана на Република Македонија, Радмила Шекеринска, во рамките на еднодневната официјална посета на Бугарија се состана со бугарскиот премиер, Бојко Борисов, и со вицепремиерот и министерот за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов, пренесува Anadolu Agency (AA).
Шекеринска беше пречекана со високи државни почести, а потоа одржа средба со бугарскиот премиер Борисов и министерот за одбрана Каракачанов.
Во соопштението на бугарското Министерство за одбрана се наведува дека на состанокот разговарале за билатералните односи во областа на одбраната, регионалната воена соработка, соработката во областа на одбраната на Балканот, како и во врска со евроатланските интеграции на Република Македонија.
„Во последните месеци покажавме дека постои една силна волја за конретна соработка, и за ревитализација на ваемните вистински, позитивни и пријателски односи“ истакна Шекеринска, се вели во соопштението, во кое се истакнува дека Шекеринска нагласи оти договорот за пријателство, добрососедство и соработка потпишан меѓу двете земји „не е само еден едноставен лист“, туку е една платформа која развива плодна соработка во различни области.
Според ова соопштение, Шекеринска истакнала дека ги цени билатералните иницијативи за меѓусебната соработка во областа на одбраната да достигне повисоко ниво. Таа информираше дека со нејизниот бугарски колега Каракачанов се согласиле околу тоа македонската војска да има обуки во Бугарија, да се направат заеднички вежби, како и размена на искуства околу интеграцијата во НАТО.
Од друга страна, се наведува дека бугарскиот министер за одбрана, Каракачанов истакнал дека Бугарија ќе продолжи да ја поддржува Македонија во нејзините напори за членство во НАТО и ЕУ. Тој нагласи дека политиките на неговата земја околу ова прашање се јасни и отворени.
„Ние ја поддржуваме кандидатурата на Македонија, која ја гледаме како најдобар кандидат на Западен Балкан за членство во НАТО и ЕУ. Приоритет на Бугарија за време на председавањето со Советот на ЕУ во првата половина на 2018 година, ќе биде Западниот Балкан“, истакна Каракачанов, се наведува во соопштението.
Според соопштението, истакнувајќи дека не останале отворени прашања меѓу Бугарија и Македонија откако е потпишан договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји, Каракачанов изразил големо задоволство од интензивирање на билатралните односи во последниот период.
„Ние јасно покажуваме дека две земји на Балканот можат добро да се разберат и да ги унапредуваат односите“ порачал Каракачанов.
Меѓудругото се вели дека бугарскиот министер за одбрана укажал дека по започнување со работа на новата Влада на Македонија, односите меѓу двете земји се унапредиле како никагош во последните 20 години.
Министерката за обрана на Македонија, Шекеринска пред средбите во Бугарија го посети централното седиште на војската на Бугарија.
Од друга страна, во соопштението на кабинетот на бугарскиот премиер се вели дека двете влади на 23 ноемри ќе одржат заедничка седница во Струмица.